|
||||
БЕЗМОЛИТВИЕ |
БЕЗМОЛИТВИЕ Додека некои чекаат некаков датум за ВЛЕЗ во некаква унија која не ни носи ништо добро, некои чекаат датум за ИЗЛЕЗ надвор (од ќелиите)... Обвинет, стани! Виновен си и осуден да те нема, да гледаш а слеп да си, да слушаш а глув да си, јазик да имаш ама да молчиш, збор да немаш, мисла да немаш, жив да си а мртов, да си никој, ништо да си! Стража, одведете го, оковајте му го срцето во пранги од мртвило, да врие, да клокоти ама да не љуби! Оти овде во оваа земја грев е и зло родот да си го љубиш. И... Крстот обесен на вратот дрпнете му го и фрлете го в оган да се стопи, оти овде во оваа земја за која овој би умрел, ние, слугите на ѓаволот сега сме му Бог, ние сме му судија, ние сме му судбина. И... Пуштете го така по светот да талка, со гола душа друга земја да бара, оти оваа сега е наша а и времето е наше, време на темнина, време на безмолитвие. Само вардете го, прангите да не ги искине, оти на овега, силата му е во љубовта. Автор: Розита Христовска |