|
||||
Васил МАНЕВСКИ : КОН 144 ГОДИШНИНАТА ОД РАЗЛОВЕЧКОТО ВОСТАНИЕ ПРЕД ВОСТАНИЕТО |
(На Цоне Спасев - Ингилизо) Од Разловци пред да се крене востанието, Цоне Спасето бил пратен на мисија во Англија. Така на Калаѓерѓево одлучило Собранието, Родоначалник е на македонската дипломатија. (Овој катрен е од мојата стихозбирка ЛИРСКА РАЗГЛЕДНИЦА - ЛОНДОНСКИ КАТРЕНИ, што треба наскоро да излезе од печат како двојазично македонско и англиско издание) ПОСЛЕДНАТА ПРОПОВЕД НА ПОП СТОЈАН Калаѓерѓево е рој од оси По Обозна змии пиштат и се ронат Ако немате пушки земете коси Кога ќе чуете камбаните да ѕвонат. Додека над Голак виси ѕвезден рој И шумата почива в зеленило и сјај Ние браќа ќе тргнеме во бој Нека крвав биде овој мај. За да можат внуците да пеат И нашите, нивни да си бидат ниви Та со срце да орат и сеат. Да живеат, Бар кога се живи! Да не трпат робство и не веднат глава А овој делник, празник да го слават. РАЗЛОВЕЧКА РАПСОДИЈА 1876 В црна мантија, поп со црвен барјак Пред сурија боси нозе и гладни усти На Калаѓерѓево проповед држи. Во Разловци Камбаните ѕвонат Од Обозна кориите враќаат ек Мажи пцујат, жени колнат. Облачно небо грми кобно Лакоми јазици црвени и црни Плитарите ги голтаат злобно. Во Разловци горат амбари и куќи Од под праговите разлокани трескаат бомбите - солунки. Горат и запалените рабуши Со долговите наши и таткови Со долговите дедови и прадедови. Еден поп без мантија Наместо иконата Исусова Пушката берданка ја целива. За крвавите потоцо благосолов бара Бара првда и слобода мила Над родните предели, над Македонија. (Сонетов и тростишјево се од мојата стихозбирка ЗАД ТВОЈОТ СОН, чие прво издание е објавено1980 година,а второ (проширено) издание доживеа по 40 години. Со овие стихови го давам мојот скромен придонес во годинашново одбележување на 20 мај - Денот на Разловечкото востание, чија 144 година ја прославуваме во вонредни околности поради пандемијата од Корона вирусот.(Авторот) |