|
||||
Розита Христовска : ПОНЕДЕЛНИЧКИ... |
НЕ ВЕРУВАЈ МИ Нека не те лаже мојот горделив чекор. Јас така само ја кријам слабоста. Не верувај му на мојот рамнодушен поглед. Привиден е мојот спокој. Нека не те тревожи мојата гласна смеа. Само се трудам да преживеам. Не обѕирај се кога наздравувам со туѓинци. Така те премолчувам. Ти зборуваат за мене, сум станала скитничка. А јас така од себе бегам. Нека не те чуди моето оддалечување. Се обидувам да дишам без тебе. Се залажувам себеси дека ќе останеш само минато. А пред мене пат што не води никаде. Ти кажувам дека животот ми е песна. Не верувај ми! Те убедувам дека лесно е да се убие љубовта. Не, не верувај ми! Р. Христовска ("Не плачи и кога боли") |