|
||||
Кирил Кангов : АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ ИМ ЗБОРУВА НА ДЕНЕШНИТЕ МАКЕДОНЦИ |
Од аурата на мојот дух
Возљубено ви се обраќам вам
Следбеници мои заумени во мисли
Што сте правеле до сега та ве наогам
Така испреплетени како Гордиев јазол
И кој со сила го расплетувал толку
Та врвки наоѓам расфлени по светот.
Вие молчеливи и потиштени Македонци
Препознатливи по трпењето што го поднесувате
По надежта што ја негувате и расадувате сегде
По издржливоста што ја одржувате како судбина
По дарежливоста кон добрите како особина
Јас сум со вас, вие сте без мене.
Стресови ме потресуваат по вас
При секоја помисла на напади од зла
Додека не знаете колку постепено се смалувате
Додека се арчите на сечилото на себичноста
Историјата е јасна, прочитајте се себеси.
Истресете се што е илузија, предрасуда и завист
Соберете се во една мисла на вашата вистина
Исправете го погледот кон Светот и запомнете:
Кон вас се однесуваат според вашата положба
Тие што ме мразеа, денес со страст ме слават.
Значи треба совршено прецизен нишан на умот
Изведете подвиг што ќе ја отвори иднината
Запишана во времето на вашите предци.
Се е дадена можност, само Сонцето е сон
Тоа е симболот ваш и во него изгорев јас.
|