|
||||
САВО КОСТАДИНОВСКИ : МИТЕ БОГОЕВСКИ |
САВО КОСТАДИНОВСКИ : МИТЕ БОГОЕВСКИ И по најтесните врвици на историјата поетот херој доаѓа до збор и со својот сакан народ откако ја открил смислата на непокорот
Тој не се плаши од истреланите куршуми туку од истреланите зборови кои светкаат како молњи и брановидно грмат градејќи во недоглед мостови по кои минуваат неправдите за да ја убијат љубовта спрема татковината
Поетот истовремено е патник со времето штом со него ја носи куќата на родниот крај во стихови пресликана за подалеку да ја видат во јавето и во ноќта кадарен со сегашноста идеи да размножува во одбрана на иднината за својата земја
Поетот не се збогувал со боговите ниту со животот а знае што е повечно остатокот од неговиот живот да живее во нас та и посмртно да е даруван со почит. |