|
||||
Блаже Јанкуловски : О Галичник! |
Блаже Јанкуловски Во пролет волшебно цути во божествена убавина ретка Ништо не може да замени таква прекрасна глетка.
Поглед штом свртиш горе како споменик со крената глава Говедарник го чува Галичник доле во сета негова слава.
Високо горе пасишта ридовити пусти а каршија некаде таму шуми буковити густи.
Потоци како змии буките ги сечат а во нив бистри ладни води шумовито течат.
Стоејќи на Пеш кое и време да е секој минувач тука во мисли да потоне знае.
На патник намерник му реков, на патот овде е крајот, не оди човеку нигде овде е почеток и крајот на рајот.
Света Петка, Петар и Павле нашите свети секој во туѓина појден гo тераат на Галичник тој да се сети.
Во лето блеска со сиот свој сјај и магично те повикува тебе дојди во родниот крај.
На крајот на патот Хотелот наш во Галичник гледа и потсетува на минато време кога Кузман го родила Неда. |