|
||||
Кирил Кангов : ВАРДАРИУМ |
Кирил Кангов
Вардариум, дар од време и ум
на Сонцето личи кога му се обраќаме
во име на образот на нашите души
огниште е околу кое ги сибираме
Силните мисли на животот
Од лубовта на земјата вирее
Провидение од бдение во чуварот невидлив
И напати во напад широко низ крвта
Во плутони изотопи топи
Низ своите вселенски простори
Ечи тој кавал, тој вик
Во модра географија од лузни
Од него шумите вознесени
Во темна историја од трауми
Со него водите возвишени
Во срцата тоа срце чука
Во својата согенетичка градина
Елемент е од хомосапиенсовиот
Систем на чувствата ставени
Во трајна употреба на народите.
|