|
||||
Кирил Кангов : ВРАКАЊЕТО НА АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ |
Кирил Кангов Тој пристигна на плоштадот “Македонија” На Букефал качен, со приудружба И растоварен багаж од вековен несон Дојден да го расплета македонскиот јазол Оти една епоха замина А настапува нова
И првите мигови се погледи на препознавање Идентификација на она што го гледаме Со битието во нас Предок по потекло, вонвременска величина Крал на Македонија и стратег и владетел Император, хегемон и освојувач на Светот Обединувач на народите.
Благопожелниот добредојден новожител Илјадници народни погледи го милуваат И тоа е миг на радост, гордост и слава. И одрдено му е местото Во центарот на престолнината Да се простира на 23 метри височина По метар за секој изминат век отсутен од нас.
И додека триумфално галопираше, Додека се креваше и залет земаше Во пламена светлина блескаше И кога со Букефал ја дофати висината Беше свечен час на вознесение
Место фанфари, долго ракоплескање следеше Соблазнителни честитки, овации и поздрави.
И се исправи Тој со Букефал спроти Сонцето Оти нему хелиоцентричен, му прилегаше Во неговата свезда да гледа А ние се издигнуваме на хоризонтот И по него не преознава Светот. |