|
||||
КИРИЛ КАНГОВ : ГОВОР НА АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ НА КРАЈОТ НА СВЕТОТ |
КИРИЛ КАНГОВ : ГОВОР НА АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ НА КРАЈОТ НА СВЕТОТ
Ние македонските фаланги
Стигнавме на крајот на Светот
И ако велев дека ќе ве водам
Додека нозете одат и додека под нив има земја,
Јас одев по мојот сон
И не мислев дека во друга клима
И во друго време ќе влеземе.
Планини се повисоки, огромни и стрмни
Снежни пустини, недогледни и непроодни
Смзрнувачки ладни и без жив свет
И нема зошто и со кого овде да војуваме.
Гледајте, пред вас е крајот на Светот!
А јас ве доведов од бреговите на Аксиј
И од Белото море, топлина кај што врие.
Сите препреки ги минавме,
Сите битки ги добивме.
Тука еднаш се стигнува
И никогаш повеќе.
Ова е крајот на Светот!
И од дома и од тука гледајќи
Исто Сонце излегува од Исток
Но само Бог знае каде му е леглото
И ние откриваме дека Исток е огромен.
Вистина е ова што ви велам
Зошто и сами гледате пред вас.
Натаму само мислата ќе освојува
Оти е незапирлива и најбрза.
И додека сме овде кај што времето стои,
Мораме да оставиме еден аманет,
Траен македонски живопис
Зошто јас и служам на Вечноста.
|