|
||||
Предизвикот е тој |
ВАСИЛ КУНОСКИ (Еден од основоположениците на македонската литература за деца после 1945 г. и соавтор на првиот македонски буквар) Предизвикот е тој што во поетот може да го пробуди замисленото време на вечноста со зборот на сопствената татковина со издишки од минатото со зарек во сегашноста со завет кон идината од бездна да се спаси мајчиниот јазик глаголиво да се укрепи и покрај сите искушенија
Напати како Библија ни се отворија страниците на првиот македонски буквар како македонски збор со зрачни патеки подем на нашето национално книжевно писмо раздробено но не и проголтано ниту од грлото на вековното ропство затоа векувај поету, писателе во вековите на македонскиот јазик. |