|
||||
Оливера Јовановска: ТИШИНАТА ЗБОРУВА ЗА МАКЕДОНИЈА |
Оливера Јовановска: ТИШИНАТА ЗБОРУВА ЗА МАКЕДОНИЈА Кој тврди дека тишината не зборува, Тој греши! Кој вели дека тишината не зборува И тој греши! Кој мисли дека тишината не зборува И тој повторно греши!
Занесена сама во мислите Ја слушнав тишината како зборува, Ме повикува со неа да другарувам Ме повикува со неа тајни да споделувам.
Слушнав со свои уши како таа зборува За Библиска Македонија раскажува, За Александрова татковина За Самоилова – Охридска тврдина.
Древна земја Македонска Со векови на тиранин трн во око била, Но непокорлива сила од чедата нејзини извира И сите лаги на душмани ги минира.
Пламенот од срцето го зборува јазикот Македонија непокорлива е, така кажува гласникот, Неприфаќаме промена на историјата Замрзнато е тоа прашање, исто како Арктикот.
Од Александрова империја до сега Дел од земјава малку по малку, крос векови ни бега, Нека делат, нека парчат, И во книги историја менуваат, сами се сопнуваат.
Светото за нас слушна Бог на Македонија рака стави, Гордо нашинци кренете глави Македонски народ сега слави.
ВЕЧНА ДА Е МАКЕДОНИЈА! |