|
||||
Гордана Димовска : ЗЕМЈА ИСКОНСКА |
Гордана Димовска Се разгори нов пламен, Илинден трет “Доста се маки и страдања Да го истераме окупаторот клет.” Блесна, поведе борци Кон нов симбол на слободата, Храбри и силни, Со љубов исполнети срца и лица нивни. Војникот оди напред и вее алово знаме, Ги поведе сите на борбениот фронт со завет За конечна слобода на македонскиот народ, Во која секој ќе се радува и слободно ќе живеј. Рамо до рамо со сојузници силни Се бора смело, живот не жалеа за Македонија земја света Се роди нов Илинден како оној од 1903-та. Редици во недоглед, стоилјадни чети Ја продолжија борбата за идеалите свети. И ете ко вчера да беше, но и денес треба Да осветли силен востанички оган Да поттикне чувство Да се разлее љубов Да се распламти духот Да се слушен гласот, И одекне на сите страни За тоа како земјата своја треба да се чува и брани. Таа не е јаболко зрело Од кое секој сака да се наслади и посака да го има цело. Таа не е најубаво разиграно оро кое некој друг треба да води Ајде нов поттик нека се роди и Македонец оро да води. Да се пее и твори за земјата славна, Да продолжи херојски, со кренато чело, Кон нови победи, себепочит и историска правда. Земја славна од памтивек и до ден денес Заклетва за тебе даваме под овој пламен Да те чуваме тебе, твоето име свето Да се гордеат поколенија со своето Потекло, историја, јазик Земја исконија, земја Македонија. Оваа поема е добитник на ГРАНД ПРИ награда од дијаспората на интернационалната манифестација СПЛОТИ СЕ МАКЕДОНИЈО 2022 |