|
||||
Розита Христовска:ЦРНИ ЦВЕТОВИ |
Розита Христовска ЦРНИ ЦВЕТОВИ Пролет е, а на пролетта и' личи милина, расцутени пупки на млади фиданки, насмеано небо над поток што жубори.
Пролет е, но, дали е? Денот пролетен а незапролетен, небо крваво во пранги оковано, превртено наопаку земја се сторило, а земјата долу за здив се бори со сенишни ветрови.
Морничава штама искадена со темјан мириса на болка, скаменети солзи на црни темјанушки.
Пролет е, но, дали е? Не и' личат црни цветови. |