|
||||
САВО КОСТАДИНОВСКИ:ТЕОФАНИЈА |
САВО КОСТАДИНОВСКИ:ТЕОФАНИЈА Во црквата Свети Пантелејмон (St. Pantaleon) во Келн, византиска принцеза од македонско потекло
Овде се крие подземна светлина која возбудливо ми дошепнува да согорам во стиховите пред да дојдам до насловот на песната што ќе ја напишам.
Со вистината на твоето минато ми ја одврза силата на зборот од кој излетуваше по некој стих на самото место овде во Келн пред твоето вечно почивалиште допрен до тишината со поглед небесен, но досеглив до твоето време Теофанија и годините кои гордо чекорат на нозете од твојата слава.
Затоа со вдахновено чувство се потпирам на твојата вистина штом во историјата на Германија вечно ќе останеш неодживеано време. |