|
||||
МАКЕДОНИЈА – ОД СЛАВНА ИМПЕРИЈА ДО РАСПАЌЕ |
Саво Костадиноски : Лирско писмо до Филип Втори Македонски МАКЕДОНИЈА – ОД СЛАВНА ИМПЕРИЈА ДО РАСПАЌЕ
Еве ме, пред македонската историја која врз мене фрла стравотни сенки со знаци на невидени немири и со будни чувства по улави времиња
Еве ме, со зборот ослободен дојдов до збор но иако сум ненужен со стихови се упатив по трновитата, но лесно разбирлива илјадагодишната историја во времето на Филип Втори Македонски под сонцето од Кутлеш кое ги осветлуваше најдолгите походи на Македонската Империја па сѐ до денешново време на распаќе пред разнебитувањето на македонско национално ткиво за кое борбено со непокорна свест војуваме со историјата напати очајнички стигнавме со изветреана надеж а немоќни сме и со благоста на небесните пораки не знаеме ниту на кое поднебје му припаѓаме штом татковината сама со себе ни се граничи и како да се дообјасниме себеси а немаме ниту скаменети зборови небаре идентитетот ни е во сенка на сонцето од Кутлеш
Слободата ни била ропска клетвите ни биле жива одбрана тешко било на мрачните години патот да им се најде како би се одминале со подмолниот непријател
Еве ме, и со зборовите кои разнесувале таги и ги надживеале вековните времиња во војните кои со слободољубите ги пополнувале празнините на смртта по бескрајните полиња на црните судбини до споулавена безнадежност како да ослепела надежда на иднината распаќе гледа та и во корен нè демнеле и нè демнат што подлабоко во земјата на татковината да ни пресуши дрвото на животот
Благословена библиска земјо земјо на востанија, неспокој, на раскрсници... со сегашнинава сме како на испит непокорот е наш завет, заклетва и повелба соништата не ни се изморија ниту побледе надежта на иднината со години не се живеело на раат ниту деценија, а камоли едно столетие сепак неизвесноста не завладеала со нас со разумот не сме доодени до неразумното храброста не ни била со потсечени нозе низ вековите зад нас малодушните попусто раце посегале и посегаат илјадавековно ни е името никој не може да ни го земе пиреј народ сме недостижен во коренот, корен сме во зборот збор сме, кирилски во молитвата, молитва сме, на Свети Павле со вистината на нашата земја секое зло сме го надживеале, па и ова затоа разделба нема од тебе Македонијо па и колку да сме длабоко во подножјето на нашата славна империја. |