|
||||
Лејла Шериф Емин: Убава Македонија |
Песна напишана од Лејла Шериф Емин турската поетеса од Скопје за независноста на Македонија Убава Македонија Ниту сум хипотетична, ниту далечна Туку гранка искуната помеѓу печалба и татковина Измеѓу зеленила, на срцето на Балканот како еден осамен Ан сум… На десна страна се издига Шар планина На лева ми лежи Вардарската долина токму таму каде се вдишува најбистриот балкански воздух Ние сме тие кои со заеднички заложби печиме ајвар во едно септемвриско комшиско друштво, Ние, кои од ист жар ни горат душите, сепак ја чекаме надежта пред исто тенџере Еве те, моја мала земја со огромно срце, еве те стоиш карши мене Македонијо Јас израснав токму овде, одма до Куршумли Ан Во срцето на Скопје Чаршијата ни беше нашето игралиште над калдрмите ни крвареа детските рани Пораснавме со љубов, и сплотени заедно чаршиско дете ни беше надимакот Без да прашаме за јазик и вера, си го делевме лепчето заедно но никогаш симитот од погачата посебно онаа од кај чичко Илјо или бабичката Ако сме натажени или истопени од портокалов бран Од Охрид баравме чаре и дерман, Та ако не е доволно, зумбулот Мавровски го намирисавме, Во различни филџани кафе пиевме но сварени од исто џезве знаевме да гледаме и на кафе И да ни се падне тага на гатање Ќе ја истеравме тагата заедно со талогот во чаршиската чешма Дојранската риба беше што не нахрани сите над косите имавме круни од булките на Чаликли Најубава на Балканот, моја напатена Македонијо Да те прегрнеме моќно, да ти бидеме штит карши сите Да те чуваме сите заеднички од душмани и злонамерни Да те одгледаме со љубов и Мир Верувај, тогаш никој не ќе може да го чепне нашиот Ан Слободни сме ако и ти си слободна Ти посакуваме многу години исполнети со берикет и среќа Биди ми вечна За многу години Македонија… |