|
||||
ВРЕМЕ БЕЗ ВРЕМЕ |
Р. Христовска ВРЕМЕ БЕЗ ВРЕМЕ Ја загледуваш одблизу барајќи и' во очите траги од таги што бележат години. Ти се насмевнува и веќе забораваш колку беа твоите. Во очите нејзини по којзнае кој пат повторно се раѓаш. Тука времето запира и ви се поклонува. И времето нема време да чека да го бројат оние кои му пркосат. Ве остава гушнати и заминува без вас некаде далеку каде што го мерат и бројат до крајот, до пеколот или до рајот. |