Среда, 01 Ноември 2023    PDF Печати Е-пошта
ЛИРСКО ПИСМО ДО ПОЕТОТ РАДЕ СИЛЈАН

1Savo Саво Костадиновски

ЛИРСКО ПИСМО ДО ПОЕТОТ РАДЕ СИЛЈАН

Инспириран по повод неговата книга  „Туѓинец во своја земја“-

 

Кобни пискотници се слушаат

од Горно Ботуше до Жван

што бела чума беше тоа

да ја заразит само младината

неутешно тие да бараат лек

штом ќе ја напуштат татковината

 

Сам сведок сум

денес во моево сакано село

каде што нема ни жива душа

та со ранливо срце

болни стихови до небеса пеам

а ниту за молитва зборови имам

а камоли со некого да зборувам

кога овде и Господ не ме слуша

 

Денес обземен сум

со страв, страм и трепет

пред црквата Свети Никола

не влегов сам

да не ги исплашам светците на дело

небаре и тие одамна знаат

дека и овде јас туѓинец сум

во моево родно село

 

И во згаснатото огниште светлина видов

која ми ја обелодени мислата во стиховите

кои со копнежи за родниот крај

уште како младо печалбарче по Европа

со носталгии ги запишував

 

Но името Македонија

во секој македонец по светот

е негово име и презиме

штом срцето не ја напушта

светлината од сонцето на Кутлеш

таа ни ги осветлува трагите

на нашето минато и постоење

нашиот идентитет и непокор

 

И јас

како жив сведок од дијаспората

знам дека сѐ еднаш и туѓината ќе се изтагува

таа само не кали во истрајот

по трагите на нашето постоење

и каде да сме расеани по светот

со чувствата сме, свои на своето

 

Впрочем

штом ќе се запознае туѓината

тогаш подобро ќе се разбере

колку ни значи татковината

и сѐ еднаш ќе дојде и тоа време

да ни се врати младината

под сонцето на родниот крај

каде што им е најдолга сенката на иднината

бидејќи

Господ-бог ни дал вечно да опстоиме

та и уште ќе ни даде

безгрижни и спокојни да бидеме

а и ти почитуван поету-пријателу Раде.

 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.