|
||||
САВО КОСТАДИНОВСКИ-ВРАЌАЊЕ |
САВО КОСТАДИНОВСКИ На поетесата Оливера Јовановска Срцето е тоа што најдобро си го знае патот до родниот крај таму, каде што му е најтопло во пазувите на татковината
Сведок ти си на туѓината која живее во твојата поезија но нејзиното време истекло како низ песочен часовник а не е лесно да се излезе низ вратите на носталгиите тие твои потстанарки во твојот живот во Мелбурн кои со време се здобиле и со свој дамар затоа напуштените носталгии сметај ги како школските тетратки испишани со спомени
Та во секоја носталгија стиховите како цвеќенца во песните ти расцутувале а така е кај сите нас дијаспорци неоти во нашите песни ноќта и денот имаат исти бои штом животот ни се претвора ем во сонце ем во месечина
Така е и со младоста таа ни поминува како летен распуст втисната во спомените од печатот на животот додека секој поет песната си ја пее како што знае и умее но ветерот на туѓината е тој кој ги измешува гласовите и било како да ни било нашите неволи сме ги криеле и меѓу редовите на напишаното но и каде да сме расеани по светот ние пред сѐ се чувствуваме за горди Македонци. |