|
||||
САВО КОСТАДИНОВСКИ: ПОЕТИ, ПАТНИЦИ И ПЕЧАЛБАРИ |
САВО КОСТАДИНОВСКИ На Владо Јаневски, писател и светски патник
Во пладнето на желбите за патување радоста ни е сонце на денот и код што ја отклучува љубовта во срцето
Понекогаш патешествијата ни се како маѓија штом ќе се нагази и како пророк дека во животот со сѐ можеш да се разминеш само со нив не
Желбите за патување никогаш не се кратки штом во нив се издолжиле како сенка некои од патиштата а и по патот кога се патува кон себе си бил пат по светот неоти кога се патува се мисли како да повторуваме во животот безброј рефрени кои ни се вид на копии на веќе напишаните песни за убавините на татковината
Иако неспоредлива е далечината од Келн до Ботуше и од Сиднеј до Скопје во наштите песни времето ќе ни ја множи вечноста на нашиот печалбарски живот но откако ќе се скротат годините под нашите нозе белки тогаш ќе го откриеме митот на нашите патешествија или тие нас ќе не откријат
Така е и кај сите печалбари кои ноќеваат на постелата на носталгиите ноќта, а така и денот заедно рака му подаваат како гатачи на карти на кои може да се прочитаат колку патешествија по светот во нив се кријат. |