Среда, 03 Јануари 2024    PDF Печати Е-пошта
КРВАВО СВЕДОШТВО

1savo1

Повод, крвавиот чин што се случил

на 6 јануари 1916 година во месноста „Дервишка Нива“

(во близината на превојот Барбарас)

од бугарската окупаторска војска -

Побрзо од разумот

стигнав на ова злодобно место

за да допрам до здрав разум

пред безумниот непријател - окупатор

бидејќи тој

сè уште не престанува да сее

неправди врз мојата татковина

 

Еве нè повторно се соочуваме

со огништето на бугарскиот фашизам

тој не догорува пред вистината

туку повторно ненаситно се храни

и со коските на мртвите на минатото

но невозможно е да ги проголта

грлото на нивниот национализам

 

Овдека пред овој напис

не самува, не чмаи, не молчи

македонската историја

таа сè уште е во неумерен поход

по Балканот и по светот

со биднината да се справи 

пред свршен чин

 

На овој ден и Господ нас нѐ слуша

ние сме вашите потомци

вашите имиња живеат

во нашиот живот

а рацете на душманот не се посилни

од нашата љубов и почит спрема вас

секоја година на овој кобен датум

ќе ви одаваме почит

ќе ве спомнуваме

затоа што сме вистински Поречани

ние не порекнуваме,

ние не забораваме.

1Savo САВО КОСТАДИНОВСКИ

 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.