|
||||
МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК Е ИМПЕРИЈА |
САВО КОСТАДИНОВСКИ МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК Е ИМПЕРИЈА
Писателите и поетите на Македонија каде и да се расени по светот со своето книжевно писмо тие создале голема империја штом во нив исчеличена е љубовта на својот мајчин јазик иако со животната определба тие времено се размеѓиле со татковината но не и со пишаниот збор на јазикот кој е со вековна генеза
Туѓината им е нивна дволична слобода но тие не се во беспаќа, рамновесни се со носталгиите по роднокрајските огништа кои ги расточуваат во стихови затоа животодавно тие знаат каде си припаѓаат со својата биднина и идентитет со континуитетот на македонскиот јазик кој датира уште од светите браќа Кирил и Методиј зборот им е придружник на Македонците по сите континенти и веродостојна патека низ животот
Писателите, поетите на Македонија живеат меѓу две поднебја, два света но не се преоблечени во зборот напати предочено им е од свеста да не ги преобрази нечие туѓозборје додека жонглираат со опитни чувства меѓу себството и наметнатата судбина јабаната да не ги навјаса пред библиската земја, пред колепката на словенската писменост и култура затоа и стиховите им се небокрилни затоа македонскиот јазик е империја над целиот свет гордост на нашето единство во дијаспората |