|
||||
САВ0 КОСТАДИНОВСКИ: ПОЕТОТ ШТО ЈА САКА МАКЕДОНИЈА |
САВ0 КОСТАДИНОВСКИ: ПОЕТОТ ШТО ЈА САКА МАКЕДОНИЈА -На Хусто Хорхе Падрон, осведочен пријател на Македонија, и неговата сопруга (скопјанка) Клеопатра-
Секое доаѓање на поетот Падрон на струшките вечери на поезијата со неговиот силен поетски дух ги разбрануваше и поетите како водите на охридското езеро та преку магијата на поезијата со океански чувства му се возвраќаше со величие и возвишение на нескротливата слава на светскиот поет
Всушност штом со големо срце и душа ќе се засака една библиска земја таа со благодет и благослов за возврат му подарува вечна љубов од тогаш срцето на Падрон и преку очите на неговата Клеопатра повдахновено Македонија ја гледаше во поетската Струга во татковината на поезијата
Затоа и тишината на јавето векови ќе буди со светлината на неговата поезија со отсјај на неговата љубов кон Македонија за вечно светлина да има на страниците на неговата книга на животот со возвишено здание штом времето на поезијата и љубовта веродостојно раце си подале. |