|
||||
НА НЕЗНАЈНИТЕ - НА БРАНИТЕЛИТЕ |
Бранители, за татковината Светители А кој се тие?!? Тоа се сите оние што ја сакаат татковината Сите тие што во името на мајковината оставаат белег, Бранители се сите што ја бранат и чуваат татковината.
Дали бранител е тој што го пукна ,,Црешовото Топче“? Или тој со кама и меч што се бореше? Можеби се тие што гердан везеа од фишеци Се криеа по пештери и бункери, Правеа коктел од пролеана крв како да се шанкери.
Дали бранител е тој Што во зандани коски фрли? Затоа што се осмели Уста да отвори - збор да проговори, Македонија е на Македонците на агресори им одговори.
Дали поетот е бранител? Да тој, дома што седи, А преку перото бројаница молитви реди Раскажува и прераскажува за историјата на Македонија, Аманет на потомци остава Македонско име да не сè заборава.
Автор: Оливера Јовановска- Австралија |