|
||||
Томе Велјановски: Лопатица 1904 |
Томе Велјановски-Марулецо, Гетеборг Шведска
Лопатица 1904
А бре грчиња, вие клети кучиња
и тие со вас одродени македончиња
што мајки биле тие што ве родиле
и со какво млеко тие ве задоиле.
Дење сте мирни, бубалки мили
ноќе сте клети врагови гнили
село по село со крв го облевате
село по село во оган ги ставате.
Дојде време и за нашето село
алал да ви е јунаштвото ваше
што го покажавте вие
со нападот на селото наше.
Со пушки дојдовте, празни си појдовте,
со опинци дојдовте, боси си отидовте
со капи дојдовте, гологлави си појдовте
со бечви дојдовте со голи газови си отидовте.
Срам ќе им биде на вашите жени
назад дома вас да ве примат
за да се спасат во сургун ќе ве пратат
дома ќе си земат други момчиња
млади ергенчиња, лични лопатичанчиња.
|