|
||||
ГРУПЕН ПОРТРЕТ НА ЕВРОПСКИТЕ КАНИБАЛИ |
КИРИЛ КАНГОВ ГРУПЕН ПОРТРЕТ НА ЕВРОПСКИТЕ КАНИБАЛИ ДЕМОНКРАТИ ПАЛИРИ И ЏЕЛАТИ ОД ПОЧЕТОКОТ НА ДВАЕСЕТТИОТ ВЕК
Нема кочници ни граници До каде може да стигне Отпетланиот нишан на злото Кога ја очекува најстрвната Наслада во орлово гнездо Во свечен салон на високо ниво Во замокот на Дракула На масата картата на Балканот И книга на европскиот катастар.
Претставници на височества Канибали, демонкрати, палири и џелати Шармери, измамници и профитери Со глетки во сплетки и сметки Горделиво, ладнокрвно расположени Обложени на дебела добивка Со незгаслив и ненаситен нагон И испружени канџи на штрек Кон телото на мојата татковина.
Фатени во портрет на вистината Кубат-кинат, дробат-ситнат Многу фаци, многу раце Од чија страна ветер дува Тој надмашува, друг промашува Колат-солат, месат-бесат И се така пата-ќута, пата-ќута Шарка врз шарка,модра одрана До мала душа смалена Капната и распната Мојата украдена татковина.
Векот гледа во врвот на ножот Се одгласува ехо од митски хорови Со плотуни престолнините ја слават Успешно извршената мисија Триумфира силата на злото Магнум цримен геноцидум |