Среда, 09 Март 2011    PDF Печати Е-пошта
ЗАПИС НА РАЦИОТО, ИЗЛИВ ДЕМЕНЦИЈА, ТОЛКУ ПРИВИКАНА ОД СОСЕДСТВОТО

Пеце Цветкоски

ОД ДАМНИНА ОВДЕ ПРИСУСТВУВАМ,
ОД ДАМНИНА, ДА БАШ ОВДЕ ЖИВЕАМ,
МНОШТВО СОЗНАНИЈА ЗА ТИЕ ВРЕМИЊА ПОСЕДУВАМ,
НО НЕКОИ ВЕЛАТ, НЕМАМ СОЗНАНИЈА,
ДА, ПОЧИТУВАНИ, СУМ НЕМАЛ СОЗНАНИЕ...
СУМ НЕМАЛ СОЗНАНИНЕ ЗА ОПСТОЈОТ СВОЈ, НА ОВАА ЗЕМЈА!?!
А СОНОТ ВЕЌЕ Е ДАЛЕКУ ВО МИНАТОТО, ВО ИСКОНОТ-ИСТОРИЈАТА,
МИСЛАТА СЕ ПЕРФОРМИРА ВО БЕСКРАЈНА РЕЧЕНИЦА,
И ТОА РЕЧЕНИЦА БЕЗ И ЕДНА ИНТЕРПУНКЦИЈА,
И ПОТОА НЕКОИ ЌЕ СЕ ЗАПРАШААТ,
ЗОШТО НИШТО НЕ МЕ ВОСХИТУВА, МОНОТОНИЈАТА ВЛАДЕЕ,
ВЛАДЕНИЕТО И Е СУРОВО, БЕСПОШТЕДНО, БЕЗОБЗИРНО,
СЕ ПОЧЕСТО Е ПОБЛИСКУ ДО ЛИКОТ НА АГОНИЈАТА.
НЕ ПОСТОИ ЕКСТРАКТОТ НА ОВДЕ И СЕГА, А И ПРЕД ТОА,
НИТ’ ПОТОА, СЕ ПОСИЛНО ЕСКАЛИРА СОСТОЈБАВА,
ЕКСПАНЗИВНО НАПРЕДУВА КОН БЕЗЧУВСТВЕНА ИНЕРТНОСТ.
ТРОМОСТ, НЕОБЈАСНИВО, ЗА ЗЛОБНИЦИТЕ, ОПСТОЈУВАМ,
ВЕЛАТ ВЕГЕТИРАМ, НЕПОСТОЈАМ...
БЕЗ ЕДЕН ЕДИНСТВЕН ЗБОР ЗА БИЛО ШТО, ДА Е ВО ПРАШАЊЕ,
ПО НИВ НЕМАМ НИ ГОВОР, НИТ’ ПРЕДЦИ, НИ МЕСТО, НИТ’ ЛИК,
ОПСОЈУВАМЕ ВО БЕСФОРМАТА, БЕЗЛИЧНО, НЕСПОМЕНЛИВО...
БРЗО, ПРЕБРЗО, КОН СМРТТА СЕ ДВИЖИМЕ, ИСЧЕКУВАМ.
ТРОМО, ТРПЕЛИВО, ПОСТОЈАНО ИСЧЕКУВАМ, ИСТЕКУВАМ...
И НЕ САМО ПОРАДИ ЗЛОТО, ТУКУ И ПОРАДИ ДОБРОТО, ЛИЦЕМЕРНО
ТАМУ КАДЕ СУМ, ВНАТРЕ НЕ МИ СЕ ДОСЕДУВА
ЧУДНО, НО ВИСТИНИТО, НАДВОР НЕ МИ СЕ ИЗЛЕГУВА, ИСТЕКУВАМ
НЕКОЈ,(НЕ)ДОБРОНАМЕРНИК, ЌЕ РЕЧЕ, ДЕМЕНЦИЈАТА НАПРЕДУВА,
БЕЗ ТОЈ ДА СЕ ТРУДИ, САМИОТ ЌЕ МУ ОДГОВОРАМ, ИЗЛУДУВАМ,
НИТ’ СЕДНУВАМ, ИСКРЕНО, НИТ’ ЛЕГНУВАМ,
НЕМИРОТ, ПЕС ПРЕГЛАДНЕТ, ПОТПОЛНО БЕЗОБЗИРНО,
ДЛАБОКО ВО ГРАДИВЕ МЕ РАЗЈАДУВА, ОШТЕТУВА, ИСТОШТУВА,
ВСЕЛЕНАТА ТЕШКО МЕ ПРИТИСКА, ПРЕСЕКУВА
ДА ЦЕЛА ВСЕЛЕНА, НА МОИТЕ ПЛЕЌИ СЕ ПРИКЛОНИЛА,
ЗАНИМАЦИЈА, МИ НАЛИКУВА НА ЛЕВИТАЦИЈА,
ПОТПОЛНО БЕЗТЕЖИНСКО ЛЕБДЕЊЕ, НАД АТМОСФЕРАТА.
МАЧНОТИЈАТА, СЕКОЈ БИ ЈА ПОЧУВСТВУВАЛ,
А И СИЗИФ, МОЖЕ ДА СЕ ПОФАЛИ СО НЕШТО
НАЧИН СО КОЈ ГО ГУБЕЛ И ИСПОЛНУВАЛ ВРЕМЕТО.
БЕЗПОЛЕЗНО Е ДА СЕ ОБВИНУВА КАРМАТА, КОБ ЛОША,
И ПЛЕЈАДА АНЦЕСТОРИ, МИГ ОД ВИНАВА НЕМААТ
НИТ’ НАСЛЕДЕНИЕТО, НИТ’ ГЕНЕТИКАТА,
НИТ’ МАТЕРЈАЛНОТО, НИТ’ ДУХОВНОТ, САКРАЛНОТО
МОЖЕБИ ПОРИВОТ Е ОД ИДЕАЛНА ПРИРОДА, ПРОСТО ИЛУЗИЈА.
ДОДЕКА ДУШМАНИЈАДАТА ЏАВКА ЛИ ЏАВКА
ИДНИНАТА, КО ЅИДИШТЕ НЕВИДЛИВО СЕ ИСПРАВИЛА
НАВИДУМ, ВИСТИНАТА Е ТУКА НЕКАДЕ,
ПОМНО НАСОЧИ ГО ФОКУСОТ, КОМПУЛЗИЈА
ВНИМАНИЕТО ВО ТОЧКАТА СОБЕРИ ГО
ЉУБОПИТСТВОТО ЗАПОЗНАЈТЕ ГО,
ТОА Е ВИДИКОТ, ЗАПОЗНАЈТЕ СЕ СО ЉУБОПИТНИКОТ,
ШТОМ ВО КУТИЈАТА ПАНДОРИНА НАЗРЕЛ
ГО ПРОНАШОЛ, САМО ЈАДОТ И ЧЕМЕРОТ
НАМЕРНО ИЛИ СЛУЧАЈНО, ЈА ПРОМАШИЛ НАДЕЖТА.
ГАЈРЕТ МИ ТОПОТИ ВО ГРАДИВЕ,
НЕЈСЕ, НАСТОЈУВАЈ, НИКАКО НЕ СЕ ОТКАЖУВАЈ,
КОПНЕЖ НА ВОЛЈАТА, СИЛНО МИ ОДЅВОНУВА ВО СТОМАКОТ.
СТРАЈ СЕ И МИРУВАЈ, ТА НЕЛИ БИЛО И ПОЛОШО И ПОСТРАШНО
САМО, СВЕТЛИНАТА ПРИГРАБИ ЈА, НЕ ЈА ИСПУШТАЈ
ПРИГОТВИ СЕ ЗА ПОЛОШОТО ОД ВЕЌЕ ВИДЕНОТО
ДЕНЕШЕН МАКЕДОНЕЦУ.

 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.