|
||||
Постил Марко пости великои |
Постил Марко пости великои, седем поти лебец ми каснало, от киниса в црква на причесна, Не ми одит по рамни друмови, ток ми одит из гора зелена: А от гора лисје попаднале. Изговори Марко Крале: -А, горице, зелена горице ! Аљ ти огон корен изгорело, иљ ти врше слана попарило ? Одговори зелена горица: -Ај, ти тебе, незнајна делијо ! Не ми корен огон изгорело, ни ми врше слано попарило, Шо не одиш по рамни друмови, токо врвиш из гора зелена. Шо помина црна Арапина, шо носеше три синџири робје: прво робје се млади момчиња, второ робје се млади невести, трети робје се добри девојки. Изговори Марко Крале: -А, горице, зелена горице, али имат време поминато ? Изговори зелена горица: -Ај, ти тебе, незнајна делијо ! Не е многу ни пак ми е мртва: толку има три дни И ти ноќи. Се налути Марко Крале, Дупна коља с десна узенгија: -Бодни Шарец, да би не боднало ! Го привтаса три саати место. От извикна што го гласа држит: -Бог те убил, црна Арапино ! Нел остави три синџира робје ! Изговори црна Арапина: -Ид оттуе, незнајна делијо ! Дан е те клада напред в синџиров. Се наљути Марко Крале, го привтаса црна Арапина и му зеде таја црна глава и спушчи три синџира робје. От отиде в црква на причесна. Превземено од: Крале Марко |