Среда, 08 Јуни 2011    PDF Печати Е-пошта
Марко Kрале и три синџира робје

Сама мора црни очи клела,
да гледаа, ниско задремаа,
не видоа што по друм мина,
поминаа три илјади татари
прокараа три синџири робје:
еден синџир се млади невести,
други синџир се млади момчета,
трети синџир се млади девојки.
Невестите жално - милно плачат:
-Мили наши, сами машки деца,
та кој ќе ве обана, успие,
та кој ќе ве повие, развие?
-Девојќите жално - милно плачат:
-Мили наши, наши танќи дари,
та кој ќе ве развие, увие?
-Момчетата жално - милно плачат:
-Мили наши, наши танки пушки,
та кој ќе ве измие, истрие ?
-Најнапред е Султана невеста
и по неа Калина девоќа,
и по неа Милош добар јунак;
искокнаа на врх планината,
проговори Султана невеста:
-Бог ве убил, три илјади татари,
позапрете малку да починем,
дете ми е paцe отќинало!
-Ка дочуа три илјади татари,
позапреа малку да починат:
в еднаш тресна дете на земјата,
па си бркна в свилни џебове,
та извади пиле соколенце;
па си брка в свилени пазуи,
та извади таа бела книга,
таа бела книга - црно писмо.
Тури книга под крилје на пиле,
на пилето вели и говори:
-Е ти пиле, пиле соколенце,
са да литнеш, далек да одлиташ,
та да идеш у Будима града,
у Будима града в меаната,
там ќе наеш Марко Кралевити,
дека пие това рујно вино,
да го служи Мила меанџика,
та се стави у Маркови скути,
с уста гукни, пиле, с крилја трепни
та испушти таа бела книга,
испушти ја на Маркови скути!
Па си дојде Марко Кралевити, та си изби три илјад татари, отпушти си три синџира робје.

 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.