|
||||
Напред |
Станете борци, кренете глава! Станете против враг вековит! Борбата задача нам ни дава Да биде урнат азискиот ѕид. Владици, попови со црни капи Слобода да ни донесат нема; Нема со топови турскиот катил Да нè застрашува во наша земја. Затоа напред и „Напред“ да гласи, Борба да јачи низ нашиот крај: Нека слободата да го краси Нашиот единствен земен рај. Да ни е света револуцијата и чиста, На сите да ни донесе спас; Славата нејзина да нè заштитува, да блиста! За воскрес наш да втаса час! Затоа напред, јуначки напред, Без малодушности, без трошка страв. Ропското грдо да се запре И да се пеплоса, да стане прав! Та, друго ништо не се ни може! Зарем на тиранот ќе му се жалиме? Да го парчосаме турското ноже! Така слободата ќе ја спечалиме. |