|
||||
Божидар Докурчев |
Лулела е мајка прво - свое чедо, тихо го лулела, солзи си ронела, таги си тажила, песна мy пејала: „Ти не знаеш, сине, прво мое чедо, на нива родено, три дни недоено - во Македонија нема слободија, младежта гнилее во темни зандани. Кога татко ти го, сине, обесија, на мене ми рече: - Ленко, сина да ми чуваш, да ми го лулееш да ми гo порастеш, пушка да мy купиш. Ленко, пушка да мy купиш, јунак да ми биде, јуначки да умре за Македонија." |