Среда, 12 Октомври 2011    PDF Печати Е-пошта
Македонија!
valentina-pargo
Валентина Ѓоргиевска Парго


Во приспивна песна името твое за прв пат го слушнав
кога слатка мајка, сладок сон ми даде
таткова насмевка ја памтам кога ми рече
нас ќерко,
Македонија не создаде!

Каде и да одиш, што и да видиш
вечно тука срце ќе ти бие
родното огниште назад ќе те влече,
ќе шепотиш тивко кај што родот в земја ти спие.

Благослов да имаш, благослов до века
Господ да те чува и на сон и на јаве.
Но запомни едно, оваа земја безимена не е,
дари и име, најубави бои,
везилка да бидеш на нејната среќа
каде и да одиш, таа ќе те чека.

Ангели и светци и пееле песни,
душмани правеле се
очите да и стежнат.

Но запомни едно
Од свет корен, сал свето цвеќе расте,
сал бури го корнат,
сал јунаци го крепат.

Аманет ти давам, благослов до века
На брат ти, и тебе, и на внуци мили
оваа земја светост, мелем да ви биде
Од цутови везден неа да ја красиш
и кога има најмалку надеж
фенер да и запалиш, да не даваш никој фенерот да и го згасне.

Ничија не е,
но ако незнајник на порти ти тропне
отвори му, дај му жарче да се стопли,
ама не и да ти подметне туѓи хоризонти.

Но запомни едно, може ќе те гонат
ќе далдисаш, со твои перја други ќе се перчат
еленот во гради што ти скока од радост
не го сопнувај, не, нека пркоси, нека трча.

Пораснав и мома станав
крај тополи витки растресував коси
не ме болеше кога трнче ќе влезе
јас растрчана, а ноџињата боси.

И кога животот ми беше ѕвезден
и кога судбината ме зеде во прегратки ладни
горчини и солзи од чемер си голтав
пред дождот и грмотевиците се исправав мачно
оган и мраз, ми врвеле на кожа
но, на сува уста штом вода од извори твои пиев
ми беше слатко
и в час поминуваше големата болка.

Полноќниот воз ме одведе во непознат правец,
и таму барав стожер, перница да легнам
но пуста била желба в туѓина да летнам,
на свој камен да седнам, за тоа си пекав.

Стапка по стапка,
чекор по чекор,
здив по здив,
голтка по голтка те одмерувам тебе.

Младоста одминува, ќе навалам над стапче
и знам и тогаш ќе се поткачам на прсти
ќе подадам раце кон зајдисонце горе
со поглед да ги милувам твоите хоризонти,
каде нечии стапки заминуваат во далечината
ќе гледам и дишам и пеам и се радувам
и не ќе можам да и се изнагледам на убавината
ЈАС И ТИ - голема е близината!

Еве имав среќа јас тебе да те сакам
сакам со добро, со убаво да ти вратам
Љубов, љубов ти давам
Од Сонцето, чиниш, повисоко ќе те ставам.
Ќе те најдам и таму некаде зад облаци
таму каде што љубовта не познава граници.

Камен ми падна од срце кога зората ново Сонце роди
пред златна есен се роди златен септември осми
зурли, тапани откорнаа песна
крвта во вените ми бликна, ми збесна.

Побарав збор да го изговорам името твое
а зборот го најдов уште во рано утро
Македонија, така рекоа се викаш
бликаш од гордост, и убав народ имаш.

Не си ти безимена,
не си ти бескорена,
не си ти безвековна,
ти си земја човечна
ти си Македонија

Но запомни едно, вечно ќе те сакам
И кога ме откорна тага, кога кај што мајче ми почива си заплакав
Блажена земјо, и тогаш те сакав!
 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.