|
||||
Прогонет јазик |
Заседи му поставуваа На јазикот мајчин Во утра и самраци Зад грмушки и зад авлии Под дрвја бујнозелени И прозорци натажени Ѕун на погромно ехо Ведрини затемнуваше И песните приспивни И песните свадбени Ги заглушуваше Со тетор чудовишен Над живиот збор Беспредел горчина зацари Во крајот егејски тогаш Кога ритери мрачни Со закон го забранија Јазикот мајчин |