|
||||
Татковината |
Ѓорги Ф. Тодоровски Ја сонувам и во песните ја споменувам, со мислите патувам и во сонојте ја посетувам. Душата ми плачи и срцето ми се мачи, ке овенам, како лист ке се исушам, ке изгорам, пепел ке се сторам ако почекам, ако несе вратам. Сега се запалив и ништо неможи даме запри, желбата ми е голема, ке се вратам во мојата земја, во моето родно место. Пред силата ке застанам и со голи раце ке се бранам. Ке зборувам за вистината, ке раскажувам за неправдината, нека се слушни по целиот свет за земјата наша што нија зедоа, што нија окупираа, што нија распарчија и од браќа и сестри што не оделија. Окупаторите не мачеа, не асимилираа, не тераа, и без наша желба, без наше сакание, без никакво право иминјата ни ги изменаа. Ни ги изменаа иминјата на градовите и селата, на планините, на реките, на езерата, ги изменаа и на гробиштата. Ни го забранија јазикот, песните, ората, ни ги изгореа книгите, ни ги затворија школите и црквите. Ке пишувам за да остани, да не се заборави, да не се повтори за нас децата од 48 осма од мајките што не оделија, што не истераа, што не испадија, што не откорнаа од родните огништа и од сите Македонски соништа. Ке споменам и за тие што пред време изумреа, за тие што не се родија, за тие што не се вратија и во туѓина што изгореа. Ке им кажувам на помладите, на нашите и на тугите, за Македонските комити како јауначки се бореа и како xеројски за слобода гинеа. Ке им кажувам да знаат колку народ загина, колку крв се пролеа, колку солзи се истурија и колку мајки во црно се облекоа. Како се бројат бомбите, куршумите, градите издупени, лугјето ранети и убиени, андартите наточени што сечеа глави човечки, како ќе се простат убиствата на вампирот Каравангелис, на Павло Мелас и на други, на грците што му беа слуги. Ако човек помисли за нашиот народ, несреќен, нефтесен, за маките што ги истрга. За еден залаг леб си работаше, земјата си ја копаше, со пот и солзи си ја вадеше, со мртви тела си ја ранеше. Таа земја пуста, проклета со крв ја пролеа, сега друг му го бери плодот, сега друг се радва со неа. Колку песни се испеани за неа, и колку се заборавени, загинати и колку украдени? Колку приказни се исказани од стари баби и колку не се испечатени? Колку камениа се искршени, по патишта, по калдерми, по куки и племни се кладени? Колку плитари се направени со вода и пот измесени? Колку куки, колку цркви, колку градови и села со Македонски раце се изградени? Колку силно треба да врескаме светот да не чуе; зошто се мачиме и зошто плачиме? Колку тивко, колку благо треба даму зборуваме? Европа да разбери дека и ние сме луѓе родени од мајки, дека и ние имаме право да живееме, човечки права да си бараме. Уште колку крв ке треба да пролееме? Уште колку жртви ке треба да дадеме окупаторите да разберат, дека и ние постоиме и ке постоиме, како посебен народ од другите со своја држава, со јазик, историја и култура. Македонската нација е жив организам со длабоки коренја, Македонската крв во жилите расти и се плоди. Вистината не се покрива, вистината е тука со нас и затоа сме силни. Лагите и пропагандите на грчкиот шовинизам се празни зборови, со времето ќе се заборават, ке загинат, ке изчезнат. Македонија е една на Балканот, секогаш беше наша и секогаш ке биде наша, од кога угрева сонцето до кога зајдува во нокта, Македонија ни е земјата. |