|
||||
Ѓорѓија Пулевски |
Една од песните во стихозбирката Македонска песнарка е песната Македонцим ув прилог. Во оваа песна Ѓорѓија Пулевски повторно се повикува и ги потсетува Македонците на нивното славно минато и историја со нивните кралеви Филип Македонски и Александар Македонски. Понатаму тој реагира против решенијата од Берлинскиот конгрес со кои Македонија била оставена под турското ропство, за на крај да ги повика своите сонародници - Македонци да се кренат и јуначки да се борат како под цар Александар и историјата стара да ја оживеат. Татковина ја ово место мило Македонцим,кралевина била под краљом Филипом, старо царство, јесте од цара Александра, наш цар македонски, познат Александар велики ув вселену. Он је наше царство во Полостров Балкански је го оставил все горским Славјаним. Чујте, браќа наши јевропски христијани, да ја наша судбина нами досадила мије хоштеме нашу домовину. Ево днеска в македонскеј кралевини наши браќа тужат зашто само назе под ропство оставајет зато и мије хоштеме своју домовину! Братије наши Македонци од православну веру, да се сви сложиме, јуначки бориме, како наши стари под цар Александром, повтор спомен своим имјам по нас оставиме! Историју стару да ју оживиме, мије глејте сега да ју исполниме. |