Терзии браќа терзии
- Терзии, браќа терзии, ај сошијте ми бел фустан, без аршин да го мерите, без ножици да го скроите, без игла да го шиете без конец да го берете! - Девојче, влашко ѓаволче, ај да ни месиш кравајче, без сито да го отсееш, без вода да го замесиш, без огин да го испечеш! - Терзии браќа терзии, јас ќе ви месам кравајче, низ клепки ќе го отсеам, со солзи ќе го замесам, на гради ќе го испечам.
Девојко мори Маријо
- Девојко, мори Маријо, ме пушчи мајстор до тебе, ти да ми даиш ибришим, ибришим, свила коприва, да ти сошијет фустанот, тој пусти фустан до земи. - Јуначе, море шегарче, дека ме мајстор видело, што ми кроило фустанот? - Девојко, мори девојко! Кога одеше на бана, со дванаесет робинки, со тринаесет алајки, робинки п’тот метеа, алајки поли крепеа. Тогај девојко, мајстор ми от сенка фустан ти крои.
Кој ти купи коланчето
Кој ти купи коланчето, коланчето за крсчето? Ми го купи низамчето, кир Димитри за крвчето. Кој ти купи ф’станчето, ф’станчето за снагата? - Ми го купи низамчето, кир Димитри за снагата. - Кој ти купи кафтанчето, кафтанчето за главата. - Ми го купи низамчето, кир Димитри за главата. - Кој ти купи ѓерданчето, ѓерданчето за грлото? - Ми го купи низамчето, кир Димитри за грлото. Кој ти купи кондурите, кондурите за нозете? - Ми и купи низамчето, ќир Димитри, за нозете.
Колку пари чини моме
- Колку пари чини, моме, солунското вефче? - Солунското вефче, чини петстотини гроша. - Колку пари чини моме солунско ф’станче? - Солунско ф’станче чини петстотини гроша. - Колку пари чини моме, солунско коланче? - Солунско коланче чини петстотини гроша. -Колку пари чини моме, солунско герданче? - Солунско герданче чини петстотини гроша.
Кат ќе идеш бате Коле
Кат ќе идеш за на печалба, за грат Битоља, да ми донесиш, от свила фустан; јас да го носам ти да ме гледаш, дали ми прилега да станам невеста. К’т ќе да идеш, за на печалба за грат Битоља, да ми донесиш, убави кондури; јас да ги носам, ти да ме гледаш, дали ми прилега, да станам невеста.
Коконе малој мори девојче
Коконе малој девојче, допратил ме ја мајсторот, да дадеш конци ибришим, да ти сошие костимот. - Чираче, малој ѓаволче, од кај ме знае мајсторот? - Коконе малој девојче, кога сте биле на бања, кога сте биле на бања тогај ти мерка зимаше. Батко и Кољо ќе дојди Надеваш лис е Калино, батко ти Кољо ќе дојде армаган да ти донесе, на бело грло герданче, на тенка става коланче, на бели нозе кондурки, на црни веги вегило, на бело лице белило, на бели раце гривнишки.
Од книгата „Македонскиот фолклор основа за проектирање современа облека“ од Андреја Китевски, Скопје 2008. (Подготви Марко Китевски)
|