|
||||
РАЗБУДИ СЕ |
РАЗБУДИ СЕ ПЕСНО МОЈА ОД КРИКОТ НА ДИВИНАТА ОД ТОВАРОТ НА ВРЕМЕТО ЗА `РТЕЖОТ НА СЕМЕТО. *** РАЗБУДИ СЕ ТИ ПОЛЕТНА ОД ТАНЦОТ НА ДОЈДЕНИТЕ ОД ПОЈОТ НА ПТИЦИТЕ ЗА РОДОТ НА РАМНИНИТЕ. *** РАЗБУДИ СЕ ПЕСНО МОЈА ВО ДУШАВА СОКРИЕНА ВО СРЦЕВО ЗАМОЛЧЕНА *** РЕФРЕН ВО МЕНЕ ТИ СКРОТЕНА. *** РАЗБУДИ СЕ ПЕСНО МОЈА ОД СОНЦЕТО ОГРЕАНА НА ВРВОЈ ОД ПЛАНИНИТЕ НАД ЕЗЕРА ШИРИНИТЕ. * РАЗБУДИ СЕ ТИ ПОЛЕТНА ЗА ВРЕМЕТО ШТО ДОАЃА ЗА ЦУТОТ НА МУГРИТЕ ЗА БИСТРИНА НА РЕКИТЕ.
ТЕКСТ : БРАНКО НИКОЛОВСКИ |