|
||||
Во сеќавање на Ристо Беломорски / Ристо Шишков |
Единствената песна која ја напишал Ристо Шишков. Деновиве се навршија 26 години од смртта на Ристо Шишков, прославениот македонски актер, голем патриот и страдалник за Македонија. Страдаше затоа што премногу ја сакаше личната робинка- Македонија. Ристо Шишков е роден во 1940 година, во селото Мрсна, (Егејска Македонија), во ситуирано трговско семејство. Татко му Васил и најстариот вујко лежеле 4 години затвор на Крит. Во 1942 година Ристо ја доживува трагичната судбина на децата бегалци. Преку Бугарија во 1945 година неговото семејство доаѓа во Струмица, каде тој се школува. Во текот на својата 26-годишна професионална кариера, Ристо Шишков играл во 54 театарски претстави, снимил 11 филма ( Македонска крвава свадба, Републиката во пламен, Црно Семе, Истрел, Јад, Најдолгиот пат, Црвениот коњ, Нели ти реков и др.) а во дванаесеттиот, “Води”, неговата ролја е преснимена, пет телевизиски драми и три телевизиски серии. Во 1979 е обвинет за навреда на српски и хрватски артисти, како и на Тито, и во монтиран судски процес е осуден и на 15 јануари 1980 заминува во затвор. По боледување, умира на 17 јуни 1986 година во Скопје. Прерано замина од драмската сцена, филмот. Зад себе остави брилијантни актерски улоги. Ценејќи ја важноста на делата кои ги остави личноста каква што беше Шишков, градот Струмица стана традиционален домаќин на Фестивалот на камерен театар што со гордост и пиетет го носи името на драмскиот уметник на сите времиња – Ристо Шишков. Ова е единствената песна која ја напишал Ристо Шишков, која ја отсликува неговата трагична судбина. Заслужува да ја прочитате… Земи ги…….очиве да си искинам синџири Превземено од: Volino.mk |