Во брановите на носталгијата
О, бранови бурни, нескротливи Бранови на нашата носталгија Неутешна и незгаслива, За родните ни огништа Што ги ограбија безмилосно На носталгијата за изгубените татковини За нашите со цвеќа засеани ридишта За планините, за шумите и имотите, За бистрите извори и полјаните За нашите светилишта За нашите свети обичаи За нашите празници, за ората О, бранови вечни нескротливи До кога ли безжалосно ќе нè бие Вашата горчлива пена изморени и истоштени Во нашите потонати надежи.. Сожалете нè на крајот од краиштата И однесете нè во родните места Да си поплачиме барем за малку Во една тишина скаменета Врз раните на неостварените соништа Ветрови
О, ветрови уривачки Што ги растуривте Виденијата на надежите О ветрови истребувачки Што нù ги исушивте Бакнежите на пролетта, Што нè искорнавте Што нè истребивте Откако го разгоривте Пламенот на некој знак, За да се потврди пак Мислата на мудроста стара: „Само малата тага зборува - Големата е безмолвна“
О, таго наша бескрајна Што срцата ранети ги кинеш А солзите пресушуваат Заедно со ’ртулците Во циметовата светлина Таму каде што останаа Понекои завеани траги Од една вечна љубов За сè што е возвишено Ах, љубов нерасцутена, Љубов изневерена... Прогонет јазик
Заседи му поставуваа На јазикот мајчин Во утра и самраци Зад грмушки и зад авлии Под дрвја бујнозелени И прозорци натажени
Ѕун на погромно ехо Ведрини затемнуваше И песните приспивни И песните свадбени Ги заглушуваше Со тетор чудовишен Над живиот збор
Беспредел горчина зацари Во крајот егејски тогаш Кога ритери мрачни Со закон го забранија Јазикот мајчин Сонет за скрбта
Лисја што лудиот ги завеал ветер, Онемен камен во понор на болка, Облак што лета во туѓиот етер, Солзи што лее и вечно што талка -
Тоа е човекот бегалец тажен Секогаш в срце тој скрбта ја носи, Знак на олелија - светот наш лажен, Непребол вечен, ах срце му коси.
Патопис, ах ако можеше некој За оваа да напише тажна историја - Фар тој ќе запали в светот за секој.
Секој за драмата сè нека знае, Жестока тоа е дискриминација За искорнатите - неправда зјае. Разбранети сртови далечни
Разбранети сртови далечни Треперат во бескјрајот син Небаре бранови пенливи Во синевината прозрачна се креваат - Тоа гривите свои ги нацртале Планините високи вити Во длабочината небесна Величави вечни
Ах како се врежани во мене тие сртови безбројни Разбранети разиграни Во моите сеќавања И сказни ми шепотат тие И легенди живи На мотиви мили Егејски
Васко Караџа
Васко Караџа е роден на 21 мај 1923 година во село Д'мбени, Костурско. Своите први песни ги напишал во 1943 година. Во 1960 во Ташкент излезе неговата прва збирка песни „Стихови“ и првиот грчки превод на Рациновите „Бели Мугри“.
Во 1984 година во Атина излезе на грчки јазик во сопствен превод поетската збирка „Миросувањето на вечноста“, а во 1986-та во Скопје збирката „Со Егејски мотиви“ и во 1993-та збирката „Со Д'мбени во срцето“, како двојазично издание на македонски и англиски.
|