|
||||
Самовила Македонска |
Самовила Македонска е поема напишана од македонскиот национален и револуционерен деец Ѓорѓија Пулевски. Поемата е напишана во 1878 година во Софија, непосредно во годината на револуционерните збиднувања со Македонското (Кресненско) востание, Руско-турската војна во Големата источна криза (кога е ослободена Бугарија) и Берлинскиот конгрес. Преку песната Ѓорѓија Пулевски ги искажува силните стремежи и традиции на македонскиот народ, сакајќи со силен патриотски набој да го крене македонскиот народ на ослободителна борба против поробувачите, потсетувајќи го на сопственото славно минато и историја на Македонија од времето на Филип Македонски и Александар Македонски. Oваа поема е сведоштво за свеста на македонското преродбенско ослободително движење за поврзаноста со Античките Македонци како доказ и стожер за македонската национална посебност и самобитност. Дел од текстот на Самовила Македонска
Дал' сте чуле, Македонци, стари људи оту говорат: От Македонци појунаци над них не било- Цар Александар Македонски тристо лета пред Христа Со Македонци сву вселену повладал Наш краљ Филип - Славјанин је, Цар Александар - Славјанин Наши баби Славјанки ги родиле. Македонци, сетите се за јунакство македонско, та спроти старих вије сега да следувате |