|
||||
Светите Цар Константин и Царица Елена |
СРЕДЕ БЕЛ ДЕН ЗДОГЛЕДА БЛЕСКАВ КРСТ НА НЕБОТО СИОТ ЅВЕЗДИ ЗАКИТЕН СЛОВО БОЖЈО ПИШАНО СО НЕГО ПОБЕДУВАЈ. * ОТКАКО ЈА НАУЧИ ВЕРАТА ХРИСТИЈАНСКА ТОГАЈ ЦАРОТ КОНСТАНТИН БЕШЕ КРСТЕН , МИРОСАН КАКО ВЕРНИК РИСЈАНИН. *** СВЕТИОТ ЦАР КОНСТАНТИН И СВЕТА ЦАРИЦА ЕЛЕНА СИНОТ ЕДИНЕЦ И МАЈКАТА РИСЈАНИ ГИ СЛАВАТ ДЕНЕСКА. * КУЌИ СЕ ОТВОРЕНИ СИТЕ ГОСТИ ДОБРЕДОЈДЕНИ ЕЛАЈТЕ ЛУЃЕ ПРАВОСЛАВНИ РИСЈАНИ СЛАВАТ СО ВЕКОВИ. *** МАЈКАТА НА КОНСТАНТИН ЕЛЕНА ЦАРИЦАТА БЕШЕ БЛАГОЧЕСТИВА САМО ВЕРА ХРИСТОВА НОСЕШЕ ВО ДУШАТА. * ОТКАКО ГО ПРОНАЈДЕ ЧЕСНИОТ КРСТ ГОСПОДОВ ТОГАЈ НА ГОЛГОТАТА ЦРКВАТА ЈА ИЗГРАДИ НА ВОСКРЕСЕНИЕТО.
ТЕКСТ: БРАНКО НИКОЛОВСКИ |