|
||||
Македонија те вика |
По тебе газам земјо света каменот чекам да проговори тишина, молк занемел некој ни збор да гатне а толку сакам глас да чујам глас на непокор македонски. Стојам овде кај сум роден кај сум израснал гледам народ глава веднал в земи погледнал ќе те прашам мој народе, не ми се лути што си сторил ти за себе, што си направил ќе те прашам мој народе, не ми се лути зошто раце ти си кренал, си ги оставил. Гледам колку туѓи раце сонце покриле дел по дел од твојта снага в џебој ставиле ќе те турнат таму негде меѓу бездните никој рака тебе нема да ти подаде ќе те турнат таму долу во длабините вистината твоја нема да се дознае. Македонија, Македонија те вика да ја станеш, простум исправиш еден збор, еден здив, само капка пот ти треба да ја утешиш Македонија, Македонија те вика, да ја вратиш меѓу силните еден збор, еден здив, само капка пот ти треба да ја воскреснеш, да ја издигнеш. текст : Мишко Талески
|