|
||||
ПАТЕШЕСТВИЕ На Драган Богдановски |
Патешествие Маченику, самотнику, осуденику – комито, визионеру, водачу... За тебе човеку, на кој сите ти сме мили, а низ немилост ти покажувавме: заби, пендреци, кундаци, катинари... За тебе и името ни мрзне на усните и мислите ни ги морничават душите! За тебе плаче и чедото и родината и иселеникот – и изнемоштеното секојдневие плаче. За тебе ниту зборови, ниту писанија, ниту солзи се доста – кон докажувањето на македонската вистина! За тебе ќе проговори утрештината: за едно потчовечко однесување и за едно натчовечко истрајување. Ќе кажува: за секојдневните ѕвекови по калдрмите, за крвиштата по коридорите и за воздишките по затворите. За тебе, кон националното дело: и ветерот ќе се огласи и народот ќе се согласи – за бесмртен да те прогласи! За тебе, во име на емигрантската правда, под отворено небо и по полноќ, во Ферфилд – песнава ти ја напишав. Иван Трпоски 31 јули 1990 г. |