|
||||
| ДУИ – партија со две лица: „европски“ чувар со реторика на закана! |
|
ДВЕ ДЕЦЕНИИ „ЕВРОПСКО“ ВЛАДЕЕЊЕ СО АНТИ-ЕВРОПСКА ПРАКСА Демократската унија за интеграција ја градеше својата политичка идентификација на два столба: евроатлантска реторика и етничко-политички предупредувања. Едното лице беше наменето за меѓународната заедница, европско, модерно, стабилизирачко; другото лице беше за домашната сцена, исполнето со закани и можни немири доколку не се прифати нивната волја. ДУИ со години тврдеше дека е главниот гарант на евроатлантскиот курс на државата. Но истовремено, нејзиниот лидер Али Ахмети редовно испраќаше пораки кои го уриваа истиот тој наратив. Најеклатантен пример е неговата теза дека, ако Македонија не го продолжи европскиот пат, „Албанците ќе одат со Албанија, другите со Бугарија“. Тоа не е европска порака, тоа е геополитичка и етничка закана. Овој двоен политички живот создаде длабоки контрадикции. Од една страна, партијата настапуваше како чувар на стабилноста, од друга страна оперираше со речник од 2001 година. Европската Унија не се гради со закани и лажни ветувања, туку со:
ДУИ не успеа да испорача ниту едно од овие суштински барања. Напротив: токму ресорите под нивна надлежност беа синоним за највисок степен на корупција и клиентелизам:
Ова не се европски стандарди, туку спротивното. И токму затоа граѓаните почнаа да ја гледаат разликата меѓу она што ДУИ го зборува и она што ДУИ го прави. Кога дојдоа парламентарните избори пред 16 месеци, ДУИ забележа пад. Кога дојдоа локалните доживеа катастрофа. Тоа не беше изненадување, туку резултат на деценискиот начин на владеење. Еден од најголемите историски моменти во оваа промена на политичката карта е тоа што стравот од 2001 година престана да функционира. Новите генерации не живеат во наративи од минатото; тие сакаат владеење на правото, систем, функционална држава, а не етнички пазари од типот:„Ти мене министерство, јас тебе поддршка“. ДУИ не успеа да ја препознае оваа промена. Поради тоа, изборниот пораз беше логичен, дури неизбежен. ДУИ денес е во длабока опозиција, таму каде што политичката логика одамна ја туркаше. Поразот на ДУИ ја отвори вратата за нови политички субјекти меѓу албанските гласачи. Локалните избори го покажаа тоа: албанското гласачко тело не е веќе монолитно, а гласачите бараат:
ДУИ можеби ќе продолжи да зборува за Европа, но повеќе никој не верува дека токму тие се носители на европските вредности. Падот на ДУИ не е само политички резултат; тоа е крај на една епоха. Епоха во која една партија ја држеше државата во заложништво преку реторика од минатото. Во Македонија почнува нова страница, страница каде што европските вредности ќе се мерат со дела, а не со празни пораки и закани. МН |




















