Среда, 05 Април 2017   
Кањош Македонович пред паштровското Собрание

kanjos-makedonovic

Кањош Мацедонович е легендарни будвански јунак, градот на Кадмо, кој бил испратен да се бори со огромниот Фурлан, непријател на венецијанскиот Дужд, за да ја подобри состојбата на племето Паштровичи. За разлика од Крале Марко и другите епските силни и непобедиви јунаци, Мацедонович има особини  на обично човечко битие. Благороден и храбар, тој го сака  народот и местото во кое живее и е спремен да се жртвува за неговата слобода   

Мацедонович сфаќа дека светот на Венеција и Венецијанската република се базира на моќ и пари, а не на чест и поштување, па ќе постапи спротивно од нивното очекување. Тој ја нагласува својата чест и достоинство, бидејќи нивната слобода, нивниот живот нема цене, ниту можат да се платат.      

Воден од својата праведливост и искрен патриотизам Македонович протестира во име на народ кој го преставува поради непочитување на договорот, иако не бил ни витез ни професионален војник, туку само обичен трговец, со сите мани и доблести на обичниот човек.

Кањош Македонович, како и Марко Крале, е историска личност кој со понос го носи името и се бори за самостојноста на земјата. Тој е итар, спретен и храбар човек, кој како Давид влегува во борба со Голијат, што можеме да видиме во продолжението на , од Ст. М. Љубиша.

Паштровската приказна од XV век – „Кањош Македонович“ (3)

„Еден од аристократите, кој не трепна со окото додека Кањош раскажуваше, почна прв да говори:

"За време на предавањето, напразно се борев и попречував од петни жили да помине кај овие лацмани (црногорски збор за странци од западната вера – н.з.), затоа што навистина знаев дека со нив договор не помага. Да не беше Фурлан, кој ги стави Венецијанците во козји рог, Кањош или ќе платеше триесет на сто и пијалок или залудно ќе “трчаше“ низ Венеција до Велигден, од лошо до полошо, за таа фукара да му се потсмева. Тогаш велевте: "Ќе не спржат Турците". Но, како ќе ви помогнат Венецијанците на копно кога Турците ќе навалат од исток преку Албанија? Не сакавте да разберете дека беше подобро да се држиме за едно јаже со другите Срби и да ја браниме својата независност со мечот? Гледате како Дубровчаните мудро се одржаа, а страшливци сигорно не се? Сага поразот на Фурлан е повеќе да му ја измиете опашката на магарето, отколку што подобро ќе ја затегнете уздата. Следната година повторно ќе давате морнари и царина, а жалбите ќе ви ги примаат како онаа на Кањош.

Доколку се спротиставите? тој ќе ви ја сруши куќата на море и ќе ги пушта Турците да ве уништат! Нашиот староставник (закон) го признаваа девет римски и цариградски императори од Дукљан до Костадин. Го потврди папата од Рим и оној Лујо унгарски кој ни исече четиринаесет стотини глави на Голиот врв. Го потврдија српските цареви и кнезови од Немањиќ до Бранковиќ. Мене да ме слушавте и Венеција би го потврдила без предавање. За да ни се отвори патот до славата и честа! Толку Бог им го дал дома! Туку слушнете барем сега! Дојде ситуација да ја поправиме грешката и да се ослободиме од таа лажица. Ајде да му испратиме шампион на Дуждот, но прво да го раскине договорот за предавање; нека даде ветување дека секогаш и во секоја војна ќе бидеме дружина против некрстените, како и тоа дека не ги сакаме за господари се додека еден од нас е жив. Сами тие го прекршија договорот кога Кањош на такви маки го ставија, дојде денес, дојди утре за им плати арач. Ако го убиеме Фурлан, добро; ако не, да смислиме друг пат да ја вратиме самостојноста и да бидеме дома домаќини. Така мислеа тие, како јас сега, кои останаа на падините на Гол врв. Се уште има илјадници луѓе кои би умреле за да ја сочуваат слободата и независноста. Кои го претпочитаат живот нека одат да му робуваат на Фурлан. Подобро фер истрага, но срамно враќање! "

Додека мислев дали малку се вознемирија на зборовите, кога еден од судиите почна да зборува тивко: - "Можеме да не испраќаме шампион и да се заблагодараме на честа ако мислиме дека ќе ни биде подобро со Фурлан отколку со Дуждот. Можеме да го раскиниме договорот и да војуваме со Венеција; но прво разгледајте дали за тоа има причини. Нема ниту една, но, наводно, да не се плаќаат царински давачки. Ние немаме каде да тргуваме освен во Венеција, нели? Сега кога нема да бидеме со Венеција, секако ќе плаќаме царина, а како дружина во војната секако ќе даваме морнари. Кога не мачат денес, кога сме со нив, што да ќе прават утре,кога ќе се осамостоиме! Размислите и најдете подобро причина, зошто оваа ви слаба. Кога ги спомнувате царевите и кнезовите, ние секогаш имавме по еден господар, кој не држел за перчинот, иако управуваме самостојно. Значи ова не може да биде невообичаено. Кога велите би било подобро да се држиме со други Срби, јас прашувам каде се тие? Србија падна, Босна падна, а сега за кој час и Албанија! Српската влада и господата избегаа во унгарската земја, сиротињата остана под јарем. Падна зетска бановина, а народот избега во планина. Значи, кој ќе ни помогне кога на тоа море има турски бродови? Не можам да слушнат за смртта Србите ни за една година, а камоли да ни помогнат. Што се жалите на Венеција дека земаат царина надвор од договорот, кажи ми еден кој платил; уверете ме дека Кањош би дал, да не беше Фурлан.

Морнарите одат во морнарица бидејќи им помило да се излежуваат по бродовите отколку дома земја да копаат, а вие зборувате дека ги дигаат. Тоа се префрлања. Туку отфрлете го јунаштвото и лошата среќа, а држете се до она што го имате. Паднаа силни царства и поразени беа страшни војски од азијатската сила. Западот се плаши, а Истокот стенка. На вториот му се угасна свеќата, а ние една рака луѓе на мета и од море и од копно, да војуваме...! Сега кажете ми дека сум лош, но јас гледам бистро. Ако ја нема помошта на Венеција, ќе останеме раја за навек.“

Збор зеде еден од народот: - "И јас сум за цврста спогодба со појакиот, па затоа мислам дека е подобро да се зацврсти со било какво гласно дело. Венеција да се задолжи, а ние да стекнеме почитување. Но, нека оди Кањош (Мацедонович) кај Дуждот како шампион и ако му даде бог да го убије тој италијански змеј, нека бара договорот навистина да се почитува, дуждовите полицајци да не не бркаат по венецијанските улици. Ако умре, ние ќе испратиме втор и трет, сигурно нема тој Фурлан сите да не убие."

Сите се согласија со ова, но Кањош скокна на нозе и рече: - „Јас не смееам да одам, бидејќи сум мал по големина, а дуждот бара голем човек според Фурлан.“  - Но, мнозината изгласаа: -  "Ако те убие, ќе испратиме повисок. Ти за Венецијанците си вешт, а друг не би можел да дојде до дуждевиот двор ни за месец дена. Ако загинеш, ќе те исплачеме убаво и секој од нас кога ќе дојде во Венеција ќе го посети твојот гроб. Можеше навистина тоа сам таму да го побараш, а не да ни го попречуваш Собранието со такви неважни теми." – Кањош рече: "Мора да се шегувате, но јас навистина ја примам честа и ќе одам да се пробам со Фурлан, па нека биде како што Бог сака. Туку да ми направите патен лист за да знае Дуждот дека вие ме испраќате во името на целиот народ. "

Напиша писарот писмо како што судиите му го издиктираа, па му го прочита на народот од збор до збор: -  "Од судот, војводите, благородништвото и целата заедница во име на народот на верната паштровска комуна, на честитиот Дужд и на сите блогородници на Венеција му изразуваме почитување и испраќаме подарок" А во него: - "Нашиот добар брат Кањош Мацедонович ни донесе од ваша страна милостиви поздрави и порака за да ви испратиме еден брат, кој наместо Дуждот ќе излезе на херојски мегдан. Секогаш сме подготвени, ако сме достојни, да му удоволиме на преведрото венецијанско владеење, еве го испраќаме истиот Каљош со благослов и велиме: каде е тој, тука сме сите ние. Благодарни за честа што ни ја направивте, се надеваме прво во Бог и нашата стара среќа дека и овој и сите дуждови непријатели ќе ги уништиме. Заклучено на обичното место на правдата, на Маченици во пролетта, и запечатено со восочен печат.“

Пристигна Кањош во Венеција на Цветници, најубавото време од годината. Се размислуваше каде да оди, па реши право кај оние тројца  каде што пиеше кафе. Но, прво не му дозволи стражата да влезе, која викна: "Вие не можете тука, но ако сакаш да се судиш, оди кај Четириесеттината". Виде Кањош дека повторно го испраќаат од Вук до Новак, па им викна налутено на стражата: „ Не се работите за кои доаѓам  за Четириесеттината, туку за тројцата. Јас сум, ако сакаш да знаеш, шампион на Дуждот.“

Уште убаво не изговори, а стражата ги крена калпаците од главата и го поведоа од одаја до одаја се додека не дојдоа пред трјцата. Кога ги виде тројцата Кањош се намршти, бидејќи тие мислеа дека Паштровичи нема да испратат замена за Дуждот.

Кањош им се поклони и го предаде писмото. Сите тројца ги наведнаа главите за да видат што пишува. Потоа откако меѓу нив разговараат, еден од нив рече: "Се надевавме дека ќе ни дојде подобар и повисок херој отколку што си ти."

Се наљути Кањош и му се чинеше дека ќе пукне: „Моја господо, најдобрите и највисоките заминаа кај подобрите и повисоките, а јас едвај вам ви припаднав! Јас прво дојдов кај вас, бидејќи не сакам да излезам пред Дуждот триимфално пред да ја свршам работата, а вие така убаво ме пречекавте!“

„А да“, рекоа сите тројца. Ако не сакаш да излегуваш пред Дуждот, тогаш спреми се утре да загинеш. Дали мечот ти е остар? "На овие ваши херои", рече Кањош, "не треба да се изостри туку да е тапо железото. Кажете ми каде мегданот и мегданџијата, па она што ќе биде нека биде "....“

(продолжува)

(извор: http://www.montenegrina.net/pages/pages1/knjizevnost/kanjos_macedonovic_st_m_ljubisa.htm)

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.