Среда, 29 Март 2017   
Паштровската приказна од XV век – „Кањош Македонович“

kanjos-makedonovic

На 4 април 1423 година, Паштровичи барајќи заштита од Србите и Турците го потпишаа договорот со преставниците на Венецијанската република и се обрзале дека влегуваат во нејзин состав под одредени услови. Истовремено Венеција се обврзала дека ќе ги почитува нивните стари привилегии. Но, подоцна овие привилегии Паштровичи полека ги губат.

Во преговорите со Венеција учествува и Кањош Македонович, јунакот на расказот на Стефан Митров Љубиша. Во овој расказ за Паштровичи кои се сметале за староседелци на просторот меѓу Будва и Скадар, може да се види корупцијата која владее тогаш на западот, за игрите со кои се мамат народите, па потоа им се одземаат привилегиите, нешто што се случува и денес. Интересен во контекст на однесувањето на Западот кон Македоиија, сметаме дека е добро да се прочита расказот „Кањош Македонович“ од С. М. Љубиша.

Паштровската приказна од XV век 

„Во паштровската општина на сред Приморје има едно мало пристаниште, пусто крајбрежје, кое луѓето до ден денешен го наречуваат Дробни песок. Тоа со закон беше место каде што луѓето одржуваа Собрание и носеа одлуки, кога општината можеше слободно и независно управува со себе.

Четири судии и дванаесет кнезови, од секое племе по еден човек, слободно избрани, седеа на една меѓа над песокот, а другите домаќини еден до друг во песокот, и таму расправаа и судеа за најважните работи. Еден квалификуван писар секој пат запишувал во една голема книга се што Собранието заклучило или судиите пресудиле.

Секоја година на Видов ден, Собранието бирало судии и кнезови; на кои им ги предавала законикот; староставник, книга и сребрен печат; а тие би се заколнале на Собранието дека праведно ќе судат, а законите и одлуките заеднички ќе спроведуваат.

Кога на почетокот на април во гладната 1423 година, ги намами и измами морскиот војвода Бембо (Франческо – н.з) да доброволно застанат под закрила на крилест лав на Свети Марко, за да наводно Турчинот не ги пороби, писмено се договорија на Дробни песок дека ќе им биде оставен целиот староставник (закон) и дека нема да им се зема никаков порез, никако паричен или крвен данок. Не ме прашувајте како Венеција го оддржа својот збор, и како малку по малку ги намалувала овие договорени слободи; тоа го знаеш и сам, или лесно можеш да се досетиш. Како момче, брзо и лукаво, кое ја обиколува и се нафрлува на млада и неискусна девојка, се додека сиромашката малку денес, малку утре, не му стане роб, па веќе ништо не му одрекува.

Еден пролетен ден на главното Собрание свикан од страна на судиите и кнезовите на обичниото место на правдата, ... дојде и Кањош Македонович, човек со низок раст, но жив и подвижен... Со меч за појасот и челенка на глава, тој извика: "Поможи Бог, браќа!" Тој скоро беше во посета на Венеција, па затоа сите го прегрнуваа и бакнуваа; и кога седна, почнаа да го испрашуваат за Венеција и за гласовите кои таму ги слушнал и тука ги донел.

„Имам да зборувам доста, ако не ви досади да слушате“ – рече Кањош. „Како што слушнавте, јас превезов зимата нешто трговска роба во Венеција и го наполнив бродот, како око, со масло, вино, лој и др. Кога дојдов таму навалија на мене полицајци да ме глобат и одерат. Од секој сто перпери да дадеш триесет на Свети Марко вели началникот на полицијата, а еден што по нешто говореше по нашки додаде – А за нас многу пијалок.“

„Од каде триесет на сто, ако во Бога веруваш! Тоа е половина кога ќе направам есап за маката, дангубата и бродарината. Свети Марко, му благодарам и слава му, но ниту јаде и пие, а јас му се предадов сам за да не му давам ништо, туку да му целивам рака, а тој да ме брани од Турчинот.“

"Воистина поевтино", изјави полицаецот, "кога немаш друг избор освен рака да му бакнуваш", и пак почна да се смее и потсмева. - "И жими денешната царичина недела, како што ѓаволот ми го имаше испиено паметот, да не избега во дворот, сакав со мачот да го пресечам на две, а мојата мака да му ја доверам на дуждот, а за тој скот, пијалок за секогаш. Онака избезумен талкав се додека добрата среќа не ме нанесе на еден Добрачанин. Тој ме поведе до напишам жалба кај еден ќелав човек, кој ми зеде дукат за да на педа хартија ја напише мојата болка. „Застани“, реков, „не брзај, да ти ги кажам причините!“ – а тој ми вели: „Ја знам подобро кога спиам, отколку ти кога ќе се разбудиш“. Пак не сакаше да ме слушне, но веднаш ја затвори вратата. Го дофати она лошо писмо и ме поведе во една голема куќа и рече да чекам.  Чекај, чекај, три цели часа, додека од голема грижа не ме совлада тагата.  По долго време се отвори вратата и излезе куц човек во зелен фустан како гуштер. Ми ја зеде хартијата од рака, ги стави наочарите и ја прочита, па ми рече: „Тоа не е наша работа, туку оди си од каде дојде“. – Викнав: А чии се, за рани божји, што ме мачите? – А тој се заврте и така куцајќи према вратата промрмори: „Четириесттината“. 

Помислив, кој ѓавол ќе ги собере на едно, а водачот ми вели дека секогаш се собрани, па ајде додека не се разотидат. Кога дојдовме таму стражата викна: Не судат денес, ... дојдете утре порано.“ – Се стемни, а јас ништо немав јадено, но се имав наполнато до грло со јад, а црниот дроб ми беше подуен и чуствував како секој момент ќе ми прсне. Така без ништо отидов во постела. Цела ноќ сонував некој ѓаволски сон, па се вртев те на една те на друга страна. Во раните утрински часови станав; ја обиколив Венеција од место до место, но сонцето високо се искачи, а градот беше пуст без луѓе, бидејќи таму спијат до пладне, кога ќе се стемни вечераат и легнуваат пред зори.

Го најдов водачот, па заедно со него отидовме кај Четириесеттмината. Влеговме во дворот и чекаме во првата одаја два цели сата, додека да дојде еден човек во црн фустан и капа, за кого мислев дека е монах. Јас му пристапив и му го дадов писмото, а тој ми рече: "Денес имаме голема навала; туку дојди задутре", и го понесе писмото. И сега? Така по два дена чекам повторно три часа пред вратата. Му досадив на Бога барајќи од него да не се разгневам, се додека еден слуга на се смилува. Влезе во една соба и донесе еден човек висок и сув, како од гроб да го извадиле. Навистина ја донесе несреќната жалба и напиша под неа пет или шест зборови, па ме испрати кај друг човек, а тој кај трет. Овој третиот ми ја допре душата. - "А што не дојде кај мене", рече тој, туку се сноваш по градот, како пеперутка околу свеќа" Потоа и тој ми нанесе неправда. "Дојди", рече тој, "утре, за да набрзина завршиме, бидејќи денес задоцнивме со работата. Така утредента, пустата врата затворена, а него никаде го нема. Чукај, удирај, но никако да се оѕвие Пилатовата душа. Чекам тука додека не се стемни, додека не почна да ми се врти во мозокот. Така тажен отидов во една крчма за да  наводно во виното разберам што ми се случува.

Таман да земам малку месо, се слушнаа викотница и трескање во крчмата. - "Луѓе, што има ново?" - "Зло", изјави еден Брачанин, "да не може да биде полошо!“ – „Дај кажувај човече, за да и јас знам!“ – Почна Брачанинот да раскажува како некој огромен фурлански човек се побунил против Дуждот и се заинатил. - "Шатор", рече тој, "распнал  на едно островче во сред град, а водата го брани од сите страни. Тој го повика Дуждот на дуел, а доколку тој не излезе или не испрати замена, да му ја даде круната и клучеви од ризницата на Свети Марко, и единствена ќерка за жена. Венеција остана под арач", рече Брачанинот смеејќи се, "замена нема, а Дуждот опаднат со години и со срцето, готов е да се освати со Фурланинот и да му ја предаде власта." - "Зарем во толкав град не може да му се најде замена на Дуждот?" – го прашувам јас. - "Не, се колнам во Бога, ниту еден", одговори Брачанин, "на секој му е меко пред себе." - "А јас да видиш колкав сум, волен сум да му се спротивставам.“

- Почнаа оние луѓе да се потсмеваат, гледајќи не вака мал, но еден кој цело време ме гледаше рече: ". Не се мерат луѓе со педи, туку со срце и ум" - И овај ме следеше се до конакот, и по цел пат ме испитуваше кој сум јас и од каде сум.

"Наутро, таман се облеков, ете го човекот по мене: "Ајде, вели, те вика Судот.“ Помислив дека ме вика онај што вчера мене ме измами. Кога дојдовме во судот, видов дека е сосема друга пространа и удобна куќа со мермерни скали и столбови високи како тополи. Влегов во салата, каде седеа три старца зад црна завеса, каде доколку свеќа не гори, не се гледа ништо, а пред нив златен крст. Ме прашаа од каде сум и што правам во Венеција. Јас им кажувам се по ред, како сега што ви раскажувам на вас, се додека еден не ме прекина: "Јас не те прашувам за безделничење (слушај безделничење!) туку за она што вчера го говореше во крчмата?" – Јас им кажувам се точно и им велам: "Јас не сум дробел, не сум бил пијан, туку убаво говорев, поубаво отколку што вие сега говорите."

- Додека еден од нив омекна: "А, навистина дали меѓу вас би се нашле верни слуги спремни да умрат за Дуждот" - "Да стотина", велам.


"Тие почнаа нешто да шепотат додека не проговори повторно истиот: "Еве ти писмо за да ја продаваш трговската роба слободно без царина. Тоа некој се шегувал со тебе, но ние ќе му кажеме како треба да се однесуваат со Паштровичи кога ја носат нивната стока за продажба; и еве ти десет дукати за дангувењето; но дојде овде рано утре, затоа што треба нешто да зборуваме... - А јас му реков: "Не сакам од вас, господа, никакви пари, кога пресудивте дека полицајците се шегувале и тоа да ми го плати. Јас сега си одам по работа, а ете ме утре чист пред вас."

"Ја продадов робата за готово, а се спремив потоа за утредента на суд... Ми дадоа столче за да седнам и кафе од пола ока. Мислев да ја вратам назад како поткуп, но ми се чинеше дека е срамно, и ја испив до дното. Почна еден судија, "Дали би се нафатил да однесеш на свите браќа честитки и милост од Дуждот, а тие нека му испратат замена за убиство на еден надуен, за кој не е достојно Дуждот да си ги валка рацете?" – Јас му одговорив дека сум подготвен да ја однесам милоста и поздравот на честитиот Дужд до своите браќа, кога ќе ги слушнам од устата на истиот тие зборови. "Штом вие барате за Дуждот замена за да го убие одметникот, јас мислам дека кога не му е достоен лично со него да се бори, дека не му е достојно да испраќа место себе друг, бидејќи тоа се два срама". Виде судијата дека не ме наговори, па ми рече: "Вие не сте добро разбрале, но дојде утре напладне во дворот за да те преставиме на Дуждот за да му се поклониш и ум да примиш."

"Јас следниот ден се облеков со зелена долама од кадифе, која минатата година ја сошив во Дубровник; елек и доколеници во чиста срма што летово ги набавав од Скадар; го опашав меч вуковац со сребрени плочки, што дедо ми го купи во Шпанија и ставив на главата челенка Цариградска, а на челенката пердув од лебед, речиси колку мојата висина. Кога дојдов во Дуждевата палата, тука имаше господа како плева, сите облечени во свила со злато везана. Ми пристапија слугите кои ме испратија до господата. Сите почнаа да се собираат околу мене како птици околу буф за да ме гледаат и облеката да ми ја фаќаат. Ах, леле, да бев повисок! Во тој момент се отвори една голема врата и излезе дедо со бела коса како овца.

„Еве“ викна, „Дужде“. И навистина зад него се појави Дуждот. Кога го видов си реков во себе: „Овој не може ни опашка да влече, а не на мегдан да излезе“. А тој право на мене, ме чукна по рамото и ми ја фати десната рака, како стопати да сме се гледале и заедно ручале.  Се сврте кон еден од оние господа, кој беше најприкладен, па почна да зборува со пола глас и ништо ниту можеше да се слушне, ниту да се разбере, а потоа оној господин ми се обрати на нашки, можам да кажам дека беше которски. -  „Честиот Дужд ...“, рече нагласено, „ми даде многи искрена порака за да ти ги протолкувам неговите зборови и среќен си ако ги примиш! Тој и оваа господа ги почитуваат твоите браќа, кои од неодамна пребегнаа под сенката на крилатиот лав за да го одбегнат турскиот јарем, еден од најверните народи кои се среќни што живеат во вакво богато и праведно царство, каде што Бог за стол седнал. Сега чукна часот да на дело го потврдите ова мислење на Дуждот. Се бара за Дуждот заменик за да излезе на мегдан на  една збунета и непослушна рѓа на која и се огадило да живее, па со лош чин да се овековечи.  Дуждот може да најде своја замена, не една, туку триста, и тоа какви замени, земјата да се тресе!  Но дуждот ги одби сите додворувачи бидејќи сака на твоите браќа, скоро посинети, да им го отвори патотот на славата, честа и безмртноста.       

Затоа оди дома што е можно поскоро, однеси им поздрави и милоста Дуждева на своите браќа, и нека испратат што поскоро затвореник, равноправен со стас и моќ, која ќе му, ако даде Бог, потврди слава и среќа. "

"Јас се поклонив на црната земја, и си реков: "Убаво оваа господа мачкаат и шараат", а за Дуждот јас ни најмалку не се сомневам дека моите браќа доброволно и со задоволство ќе прифати таква благородна чест и ќе му испратат на Дуждот херој, достоен за него.

"Сакаа да ми дадат не знам колку дукати, но јас ги одбив и тргнав од Венеција на чисти понеделник. Сега советувајте се мудро, дали и кого ќе го испратите, па што даде Бог..."

(продолжува)

(извор: http://www.montenegrina.net/pages/pages1/knjizevnost/kanjos_macedonovic_st_m_ljubisa.htm)

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.