Среда, 06 Ноември 2024   
Македонија од Цар Самоил до Османлиското владеење од 500 години

Цар СамоилМакедонија отсекогаш била желба на многу освојувачи, водени од желба за власт и војна. Востанија кои завршуваат неуспешно и многу владетели го одбележуваат Македонскиот историски циклус од Цар Самоил до Омснлиското царство.

Со востанието во 969 год.на 4 браќа Давид, Мојсеј, Арон и Самоил, Македонија се оделува од Турано- Бугарското царство но, за краток рок, поради руско-византиската војна околу турано- бугарското царство и наследство.

Во 969 год, рускиот кнез Сватјислав и дава смртен удар, а во 971 год византискиот цар Јован Цимискиј наполно ја уништува Бугарската творба на Балканот. Меѓутоа 4те браќа ја искористија несредената ситуација во Бугарија и во Македонија за консолидирање на својата нова држава. Но, во 976 год. се одиграле судбоносни настани во Македонија. Давид, најстариот брат беше убиен од некои власи на просторот меѓу Костур и Преспа, додека Мојсеј во битката со Византијците трагично загина под ѕидиштата на Сер. Така од 4 браќа останаа двајца, меѓу тоа кога Арон во желба сам да завладее со државата, и подготвувал заговор против својот брат Самоил, овој тргнал кон неговиот дворец и во местото Разметеница, во 976 год. го убил Арон и неговото семејство, освен Ароновиот син Владислав, кого го спасил Гаврил Радомир- синот на Самоил. Така Самоил создаде монархија и се најде на чело на истата. До крајот на 10 век Самоил успеал да ја ослободи од власта на Византијците цела Македонија (освен Солун), загосподарил со цела Тесалија, Епир, со дел од Албанија, со Драч, и со цела северна Бугарија. Во 997 год.се прогласил за цар и тргнал со војските (се потпирал на словенските народи и племиња кои предходно ги припоил: Велегизите, Драговитите, Ринхините, Војните, Сагудатите) на Дукља, Захумле и Далмација, за да ги припои тие Византиски вазални кнежевства претежно населени со Словени. На крајот на 10 век од малото словенско кнежество во Македонија, Самоил создаде словенско царство на Балканот кое ги опфаќало просторите од Срем на север, до Егеј на југ, на запад до Задар и Јадранот, на исток до Црно Море со политички центар во Македонија, најпрво во Преспа а, потоа во Охрид. Меѓутоа византискиот цар Василие 2, кој во директен судир со Самоиловите војски во 986 год кај местото наречено Трајановата врата, одвај ја спасил главата, не можел да го поднесе постоењето на вакво царство на Балканот. Поради тоа во 1001 год. поведе војна која траеше 4 год. Во таа војна Василие2, успеа да го стесни Самоиловото царство. За другите територии Самоил војуваше со Визнатијците уште 10 год, меѓутоа кога Василие 2 успеа да го задуши востанието во Италија во 1014 год повторно поведе војна против Самоиловата држава. Во прочуената битка кај Беласица, Самоиловата војска претрпела тежок пораз, па по наредба на Василие2 беа ослепени 15 000 заробени Самоилови војници, оствајќи му на секој стоти по едно око, за да можат таа слепа армија да ја поведат кај својот цар Самоил. Кога колоната стигнала во Прилеп и кога Самоил видел какво злосторство и сторил Василие 2 на неговата војска, претрпел срцев удар и за два дена умрел.

Борбата против Византијците ја продолжил неговиот син Гаврил Радомир,но во 1001 год.потикнат од Византијците е убиен од Ароновиот син Јован Владислав истиот оној на кого Гаврил во 976 год му го спасува животот. Ни владеењето на Јован Владослав не беше со долг век. Пред ѕидиштата на Драч, Владислав паѓа во 1018год. како жртва на византиски заговор. Со тоа завршува Самоиловото Царство.

Но, Македонците кои од тогаш паднаа под власта на Византијците не се помирија со судбината. Напротив во 1040 год. во Македонија доаѓа до големо востание на чело со Петар Делјан, внук на цар Самоил, а син на Гаврил Радомир, заради ослободување на Македонија од византиското ропство и обнова на Самоиловото царство. Иако византијците во 1041 год успеаа да го задушат тоа востание, сепак силата на востаниците била таква што во еден налет успеаа да завладеат со териториите од Дунав до Деметријада во Грција, вклучувајќи ги покрај Македонија, Србија на север до Дунав, и Тесалија и Епир на југ. Ни тој пораз,благодарение на предавството на Алусијан син на царот Владислав, кој со измама го ослепи Делјан, и кој донесе многу крвопролевање во Македонија не ги смири Македонците. Во 1072 година дојде до второ големо востание во Македонија со центар во Скопје на чело со Ѓорге Војтех.

Бидеќи ова востание имаше за цел ослободување на Македонија, односно обновување на Самоиловото царство (според охридскиот Архиепископ- Теофилакт - се ореле бунтовничките песни низ Македонија), што јасно покажува дека Македонците го доживувале Самоиловото царство како свое (Што не било случај со словенското население од Мизија- Бугарија кое не учествувало во овие големи востанија), така востаниците побарале од зетскиот кнез Михаило, кој по бабина линија беше во крвна врска со Самоиловиот род да ги помогне востаниците врз таа основа. Тогаш Михајло го испратил својот син Бодин со 300 коњаници и со војводата Петрил. Бодин востаниците како еден од потомците на цар Самоил го признаваа за цар. Откако ја соборил во поголем дел од Македонија власта на Византијците, Бодин со својот одред се упатил кон Ниш, додека на југ кон Костур го испрати војводата Петрил. Војтех со другите востанички сили остана во Скопје каде што бил и центарот на востанието.

И ова востание заврши неуспешно. Византиската војска во силни налети го зазеде Скопје и го зароби Војтех а, потоа и Болдин на Косово поле кој кога чул дека паднало Скопје тргнал од Ниш на помош. Во почетокот на 1073 год. востанието наполно било задушено, а по тие немили настани и Петрило се повлече со својот одред во Зета. Над цела Македонија повторно беше воспостваена Византиска власт.
Наредните востанија дојдоа до израз во движењето на париците на чело со Лазар а, за кои ни пишува охридскиот архиепископ гркот Теофилакт (1091-1108). Како по непишано правило и ова востание како и предходните беше задушено од Византијците па настанал релативен мир за подолго време се до 1185год. Наредно било Востанието на Добромир Хрс кое довело до обнова на државата на Македнците и траело се до 1202 год. од Струмица, Повардарието (со своја резиденција во Просек -Демир Капија) се до Пелагонија и Прилеп, кога е уништено. Истото повторно оживеа во 1207 год. во лицето на Добромир Стрез.Тој успеа да го прошири своето владеење на север до Скопје на југ со Солун и Охрид со престолнина во Просек. Во 1214 год е убиен, по неуспешниот обид да го прекрати непријателството со Србија, така што неговата државна творба престана. По Стрезовото убиство со Македонија завладеале епирските деспоти а, во 1230 год бугарскиот цар Асен 2 ја зазеде цела Македонија и со неа авладееше до 1241, кога повторно Македонија дојде под епирските деспоти и Латините- крстоносци.

Но, и ова владеење не беше со долг век. На крајот на 80 години од 13 век српскиот крал Милутин успеал да завладее со нејзиниот северен дел. Неговите наследници, го продолжиле владеењето, која своја завршница добила за време на владеењето на цар Душан кој ја зазел цела Македонија (освен градот Солун). Својата престолнина ја пренел во Скопје и тука го донесол прочуениот Душанов законик вои 1349год. кој во 1354 год го дополнил во Сер. Меѓутоа со ненадејната смрт на цар Душан во 1355 год. кој сонуваше за византиска царска круна, не само што запре понатамопното српско владеење на југ и на исток, туку дојде и до политички промени на теренот на Македонија. Користеќи ја посебната словенска етничност на народот во Македонија, кралот Волкашин и неговиот брат деспотот Угљеша одделија поголем дел од Македонија од составот на Српското царство и се прогласија за независни владари, за разлика од браќата Дејановиќи кои беа господари на североисточна Македонија и понатаму му останаа верни на Српското Царство. Тоа осамостојување на браќата Волкашин и Угљеша не беше со долг век, бидеќи Османлиите веќе почнаа да ги загрозуваат границите на нивната држава.

За да го запрат навлегувањето на османлиите во нивните простори, браќата тргнале со своите војски на Едрене, тогашната резиденција на османлискиот султан. Ноќта помеѓу 25- 26 септември 1371 год, во ненадејниот напад кај местото Черномен на реката Марица, Османлиите разбијаа 60.000 војници главно од Македонија. Во таа битка загинаа двајцата браќа кралот Волкашин и деспотот Углеша.

Иако Османлиите по таа сјајна победа не завладеаа со цела Македонија, судбината на Македонија беше запечатена зашто по смртта на кралот Марко, син на Волкашин, кој како турски вазал во 1395 год загина во битката на планината Ровини против влашкиот војвода Мирче, цела Македонија потпадна под директна власт на Османлиите, се до 20 век.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.