|
||||
Јубилејно издание на фестивалот „Илинденски денови“ |
Во организација на Центарот за култура Битола и под покровителство на Собранието на Република Македонија, вечер во овој град по 40-ти пат ќе се одржи државниот фестивал на народни песни и игри „Илиденски денови“.- Четири децении овој фестивал има цел да мотивира, инспирира и презентира традиционални културни вредности. Фестивалот воедно стана стожер за духовно поврзување на Македонците од цел свет, огледало на мултикултурната разновидност изразена преку фолклорот на етничките заедници во Македонија, но и мост за поврзување со вљубениците на народната култура од сите медридијани, истакна Борче Димитровски, директор на НУ Центар за култура-Битола.Првата фестивалска вечер ќе почне со орото „Комитско“ во изведба на КУД „Илинден“-Битола, а потоа на сцената на ракометното игралиште во Битола ќе настапат Русалиска фолклорна група „Русалии“ од Секирник, ФА „Гајда“ од Ињево, КУД „Панче Пешев“-Куманово, КУД „Копачка“ од село Габрово, АФ „Гоце Делчев“-Битола, КУД „Каршијака“-Скопје, ДМБУЦ „Илија Николовски Луј“-Скопје, а вечерта ќе ја заокружат клубот „Леб и вино“ од Сандански-Бугарија и „Мелитис“-Мелити, Грција. - Првпат годинава, а со цел да се отстапи повеќе простор за презентација и афирмација на вокално-инструменталниот сегмент на народната традиција, ја востановивме манифестацијата „Ехо од дамарите“ која ќе се одржи во битолската Магаза, веднаш по завршувањето на првата фестивалска вечер, најави Димитровски. Фестивалот на народни песни и игри „Илинденски денови“ е со натпреварувачки карактер и настапот на учесниците ќе го следи стручно жири во состав Блаже Палчевски, Тофе Дракулевски и Кире Стојчевски, потврдија од оваа национална установа. |