Среда, 08 Април 2015    PDF Печати Е-пошта
Страстна недела и Велигден

Jesus in Golgotha

Млади невести летошни, сите се причествујет на Цветници, а девојки и стари жени на Велигден.

Страстна недела црквата ја плни глобоко побожен свет со озарени лица.

Во оваја недела работа за клетва не се фаќат од Велја стреда. Навечер во стреда се клавајет јајца во бакам, а на Вели четврток се готови. Во Галичник се многу мераклији во шарање јајца Велигденски.

И шарат со лута вода и многу убави шарки изводит. Ако је Велигден подоцна и ако је запролетено, тога девојки, невести и деца слагајет кон Лазовине и Песогорица и берет пролетни цвеќиња: кукурек, качунка, подлеска, и гороцвеќе. Со нив се закитувајет и закитувајет икони и Христово Распјатије. Овеја го вршит го голема радост и голема побожност. Осеќајет само од себе и сами во себе нов живот и воскреснување на цела природа: зате тије шо го осеќајет во себе и шо го гледајет околу себе го пренесувајет и на Господа.

На сите редови шо се в црков, отколи девојки шо одит само на Велигден, на полноќ и пред полноќ од страв да не  задоцнит за на „потрчаје“ за литија околу црков и за да го чујет првото „Христово Воскресеније“! Тога сета црква из еден глас пејет на свој начин: „Христос Воскресе“! Вајстина Воскресе!... „и сушчи во гробје живот дарува“!

Коде да се сретнет двајца, се поздравувајет со: Христос Војскрес! И мењавајет црвени јајца.

Сиве три дни се играт пред црков, поручек до мрак оваја света недеља работа немат фаќање, саде визити, шетање и веселби.

На Балаклија петок женскадија излагат од село надвор по ливаѓе и зеленило и берет цвеќиња и разни билјачки и пејет песни билјарски и играјет ора. Задниве години се одит многу на Св. Петка. Зашчо да не идет, потот је најживописен и овја храм ден из ден добиват се поголема важност и за прошетка и за молитва.

Во народот наш од Велигден и Спасовден до пред тријестина години немаше друго поздравување отколи со Христос Војскрес. Во задно време мрва по мрва се губит. На Спасовден се поздравујет со: Ристос се вознесе.

Велигденски јајца се чувајет за солунците, можите шо ќа идет од гурбет. Некоји години ретко Велигден паѓат рано и тога и солунците и домашните жалит шо не се поздравујет и со: Ристос Војскрес.

Со црвени јајца најубаво исшарени и врзани за зелени ветки се китит гробови на свои мили за и тије да се зарадвет. Колкава љубов и колкава вера и побожност. Ја мисла да је овеја асли култура!

Од книгата „Галичник и Мијаците“ од Риста Огњановиќ – Лоноски, Скопје  2004.

Марко Китевски

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.