|
||||
Министерот за култура Канческа - Милевска во посета на Пустец |
Елизабета Канческа-Милевска, министерката за култура денеска ја посети општина Пустец во Република Албанија.Во рамки на посетата, Канческа-Милевска со градоначалникот на Пустец Едмонд Темелко разговарала за можностите за продлабочување на соработката во областа на културата. На средбата Темелко изразил благодарност за досегашната поддршка што ја добива од Министерството за култура. Во последните две години преку Годишната програма на Министерството за култура се поддржани повеќе проекти преку кои се афирмира културата во Пустец, меѓу кои се „Македонскиот младински фоклорен фестивал“, во организација на здружението „Млади во акција“, „Македонско културно лето во Албанија“, во организација на Здружението на Македонците по потекло од Албанија „Сонце“ – Скопје и други. Канческа-Милевска денеска во Пустец ги посетила основното и средното училиште во овој регион и ги подарила едициите на Министерството за култура - „130 тома македонска книжевност“ и „Превод на добитници на Нобелова награда за литература“. |